Улрих I (гроф на Виртемберг)
Улрих I познат како Улрих I Основачот (германски: Ulrich der Stifter; 1226 – 25 февруари 1265) — гроф на Виртемберг. Тој владеел од 1241 до 1265 година.
Улрих I | |||||
---|---|---|---|---|---|
Гроф на Виртемберг | |||||
На престол | 1241-1265 | ||||
Претходник | Лудвиг III | ||||
Наследник | Улрих II | ||||
Роден(а) | 1226 | ||||
Починал(а) | 25 февруари 1265 | ||||
Сопружници | Мехтилд од Баден Агнеса од Шлезиен-Лигниц | ||||
Деца | Улрих II Еберхард I | ||||
| |||||
Династија | Династија Виртемберг |
Историчарот Хансмартин Декер Хауф го означил Улрих како син на Херман од Виртемберг и Ирменгард од Ултен. Херман, за кој многу малку се знае, веројатно е син на Хартман, грофот на Виртемберг.
Бил двапати женет. Од бракот со Мехтилд од Баден, ќерка на Херман V, имал две ќерки и еден син, кој го наследил како Улрих II. Од неговиот втор брак со Агнеса од Шлезиен-Лигниц, тој имал уште еден син, Еберхард I, а можеби и уште една ќерка.