Украдениот бел слон
„Украдениот бел слон“ — расказ од Марк Твен што во 1882 година го објавил Џејмс Р. Осгуд. Во оваа детективска мистерија, сијамски бел слон, на пат од Сијам до Британија како подарок за кралицата, исчезнува во Њу Џерси. Месниот полициски оддел влегува во голема потрага за да ја реши мистеријата, но сепак завршува трагично.
Преглед
уредиГлавните ликови на расказот се:
- Марк Твен, кој дејствува како почетен говорник и автор на приказната.
- Еден постар господин, Англичанец во Британската државна служба во Индија, кој му ја раскажал приказната на Твен за време на возење со воз и е задолжен за превоз на белиот слон.
- Главниот инспектор Блант, детектив кој е задолжен да го пронајде изгубениот слон; прв го добива извештајот за исчезнувањето на слонот.
- „Хасан Бен Али Бен Селим Абдалах Мохамед Моис Алхамал Џамсетјеџиебхој Дулип Султан Ебу Будпур“ или „Џамбо“, белиот слон
- Аларик, млад работник во детективската канцеларија.
- Капетан Брнс, уште еден вработен во детективската канцеларија; тој е задолжен за извршување на наредбите на инспекторот Блант.
Исто така, голем број други детективи, службеници и цивили играат помали улоги во приказната.