Храм на месечината

(Пренасочено од Уака де ла Луна)
За истоимениот храм на Инките, видете ја оваа страница.

Храмот на месечината[1] (шпански: Huaca de la Luna, кечуански: Killa Wak'a) е храм изработен од ќерпич кој се наоѓа во северно Перу. Храмот бил изграден од цивилизацијата Моче. Заедно со Храмот на сонцето, Храмот на месечината бил дел од главниот град на државата Моче кој денес се нарекува Серо Бланко.

Поглед кон Храмот на месечината.

Храмот на месечината се наоѓа на 4 километри во близина на Трухиљо. Овој храм е помал од Храмот на сонцето но од него се исцрпени голем број археолошки податоци. Храмот на сонцето во добар дел бил оштетен од Шпанците во 17 век, но Храмот на месечината бил недопрен. Денес се верува дека Храмот на сонцето бил административен, воен и центар на елитата, како и гробница за водачите на Моче, додека Храмот на месечината бил церемонијален и религиски центар.

Галерија

уреди

Белешка

уреди
  1. На македонски може да се сретнат и зборовите: Вака де ла Луна, Хуака де ла Луна, Уака де ла Луна или Кила Вака.

Наводи

уреди
  • Art of the Andes, from Chavin to Inca. Rebecca Stone Miller, Thames and Hudson, 1995.
  • The Incas and their Ancestors. Michael E. Moseley, Thames and Hudson, 1992.

Надворешни врски

уреди

8°08′06″S 78°59′29″W / 8.13500° ЈГШ; 78.99139° ЗГД / -8.13500; -78.99139