Канцеларија за вселенски работи при ООН

(Пренасочено од УНООСА)

.

Канцеларија за вселенски работи при ООН
Канцеларија за вселенски работи при ООН
United Nations Office for Outer Space Affairs
Лого на UNOOSA
КратенкаUNOOSA
Основана1962
Правен статусАктивна
ШефПроф. Д-р Мазлан Отман
Мреж. местоhttp://www.oosa.unvienna.org/
Седиштето на организацијата во Виенскиот меѓународен центар, комплексот на канцеларии на ООН во Австрија

Канцеларијата за вселенски работи при ООН (англ. United Nations Office for Outer Space Affairs, UNOOSA) е организација на Генералното собрание на ООН задолжена за спроведување на вселенската политика на собранието. Сместена е во комплексот канцеларии на ООН во Виена. Канцеларијата ја спроведува Програмата за примени на вселената и чува Регистар на објекти лансирани во вселената. Пружа поддршка на земјите во развој кои користат вселенска технологија за економски развој.

Историјат

уреди

Канцеларијата за вселенски работи при ООН е првично формирана како мала стручна единица во рамките на Секретаријатот ад хок-органот наречен Комитет за морољубива употреба на вселената, основан од страна на Генералното собрание со решението бр. 1348 (XIII) на 13 декември 1958 г. Во 1962 преоѓа во улога на единица на Одделението за политички работи и Советот за безбедност, со првата седница на Комитетот за мирољубива употреба на вселената, каде во 1968 г. е решено овој орган да стане Отсек за вселенски работи при тоа одделение. Во 1992 г. отсекот станува Канцеларија за вселенски работи во рамките на Одделението за политички работи. Во 1993, Канцеларијата е преместена во комплесот на ООН во Виена, Австрија. Во тој период, Канцеларијата исто така била одговорна за важни секретаријатски задолженија кон Правниот поткомитет, кои претходно биле во надлежност на Канцеларијата за правни работи во Њујорк. Со проблематиката врзана со милитаризација на вселената се занимава Конференцијата за разоружување со седиште во Женева.

Задача

уреди

Канцеларијата за вселенски работи ги спроведува одлуките на Генералното собрание и Комитетот за мирољубива употреба на вселената. Таа има двојна цел - поддршка во меѓувладините разговори во комитетот и неговите Научно-технички поткомитети и Правните поткомитети, но и да пружа помош на земјите во развој при користењето на вселенска технологија за развојни цели. Покрај ова, таа ги следи правните, научните и техничките случувања кои се однесуваат на вселенските активности и технологија и нивната примена, и со тоа нуди технички информации и советување на земјите-членки, меѓународните организации, како и на другите калцеларии на ООН.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди