УАЗ Патриот е средноголем џип од руската марка УАЗ, подружница на Севстрал-Авто. Почнал да се произведува во 2005. Продажбата во Русија е добра заради употреба на делови од други производители, големиот капацитет, добри теренски способности и прифатлива цена (<€9,650). Во 2007 биле продадени 12,011 возила.[1]

УАЗ Патриот
УАЗ Патриот од 2016
ПроизводителРусија УАЗ
Период2005-денес
Каросерија5-вратен џип
Погонски распоредПЗ/4X4
Мотор2.7 L ZMZ-409.10 Мотор (128КС)
Пренос5-брзински

Технички одлики

уреди
 
УАЗ-23632
UAZ Pick-UP 30-та посебна бригада за моторизирана пушка. Тактички вежби во регионот Оренбург, 18 февруари 2020.
  • Погонска распределба: 4x4
  • Број на седишта: 5(9*)
  • Димензии, mm: 4647x2080x1900/2000 (со покривни рамови)
  • Растојание од пат, mm: 210
  • Опремена тежина, kg: 2070
  • Полна тежина, kg: 2670
  • Носивост, kg: 800
  • Макс. брзина, км/ч: 150
  • Потрошувачка, при 90 км/ч; литри на 100 км: 14,0/10,4/13,2(градски /вонградски/ мешано)
  • Мотор: ZMZ-409.10
  • Гориво: Бензин A-92
  • Работна зафатнина во литри: 2,693
  • Макс. моќ, kW (коњски сили)/вртежи во мин.: 94,1(128)/4400
  • Макс. момент на сила, N·m(kgf·m)/вртежи во мин.: 217,6(22,2)/2500
  • Пренос: Механички, 5-степен
  • Менувач: 2-степен (I-1, II-1,94)
  • Предни кочници: диск, вентилирани, со два цилиндра, со лебдечки стегачи
  • Задни кочници: барабански, со еден цилиндар, со автоматско прилагодување на просторот помеѓу поставата и барабанот
  • Гуми: 225/75R16, 245/70R16

Наводи

уреди