Тјенгунг (вселенска станица)
Тјенгунг (кинески: 天宮; пинјин: Tiāngōng; букв.: "Дворец на небото")[1][2] официјално Вселенска станица Тјенгунг (кинески: 天宫空间站; пинјин: Tiāngōng kōngjiānzhàn), е вселенска станица конструирана од Кина во нискоземската орбита, помеѓу 340 и 450 км над површината. Како прва долгорочна вселенска станица на Кина, таа е целта на „третиот чекор“ на кинеската вселенска програма за носење на екипаж во вселената. Откако ќе биде целосно завршена, Тјенгунг ќе има маса помеѓу 80 и 100 t, приближно една петтина од масата на Меѓународната вселенска станица и приближно со големината на деактивираната руска вселенска станица Мир.
Изградбата на станицата се базира врз основа на искуството добиено од нејзините претходници, Тјенгунг-1 и Тјенгунг-2.[3][4][5] Првиот, односно централниот модул, Тјенхе („Хармонија на небото“), бил лансиран на 29 април 2021,[1][2] по што следеле повеќе мисии со и без екипаж, и два други модула кои треба да бидат лансирани во 2022.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Clark, Stephen (29 април 2021). „Assembly of Chinese space station begins with successful core module launch“. Spaceflight Now. Посетено на 18 јуни 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „China launches space station core module Tianhe“. Xinhua. 29 април 2021.
The Tianhe module will act as the management and control hub of the space station Tiangong, meaning Heavenly Palace
- ↑ 3,0 3,1 Barbosa, Rui (1 март 2021). „China preparing to build Tiangong station in 2021, complete by 2022“. NASASpaceFlight.com. Посетено на 2 март 2021.
- ↑ „中国载人航天工程标识及空间站、货运飞船名称正式公布“ [CMSE logo and space station and cargo ship name officially announced] (кинески). China Manned Space Engineering Office. 31 октомври 2013. Архивирано од изворникот на 4 December 2013. Посетено на 29 јули 2016.
- ↑ Ping, Wu (јуни 2016). „China Manned Space Programme: Its Achievements and Future Developments“ (PDF). China Manned Space Engineering Office. Посетено на 28 јуни 2016.