Да Нанг
(Пренасочено од Туран)
Да Нанг или Дананг (на виетнамски: Đà Nẵng), поранешен Туран, е голем пристаништен град на јужниот централен брег на Виетнам, на брегот на Јужнокинеското Море. Се наоѓа во близина на Хјуе, на естуарот на реката Хан. Брои 369 000 жители (2001) на површина од 1 250 км². Тој е една од 5-те независни општини во Виетнам, истоимената општина брои околу 728 000 жители.
Да Нанг е пристаниште со отежнат пристап, кој зафаќа значајна локација на комерцијалните патишта на Тихиот Океан. Тој извезува добар дел од земјоделското производство на Виетнам, како што е производството на риби, ориз, чај, и рибиниот сос. Градот поседува и меѓународен аеродром.