Тубифекс охриданус форма вариабилис
Тубифекс охриданус форма вариабилис (Tubifex ochridanus forma variabilis) е вид ендемичен воден црв во Охридско Езеро од класата Oligochaeta.[1]
Вертикална дистрибуција
уредиОваа форма се среќава во охридско езеро уште во самиот почетен дел од брегот (450 инд./м²) чија густина на популацијата нагло се зголемува на 3 метри длабочина (1500 инд./м²) што воедно претставува и максимална вредност. До 30 метри густината варира, а натаму се намалува, до 70 метри длабочина, каде се завршува вертикалната дистрибуција. Овде треба да се напомене дека малата квантитативна застапеност, од 6 до 20 метри длабочина, дека се јавува како резултат на недобрите земани проби, поради високиот раст на хераливадите иако секогаш е водено сметка да се земат предвид подобрите проби. Тоа се однесува и за сите други видови и форми кои се застапени во овој дел од дното на Охридско Езеро.[1]
Хоризонтална дистрибуција
уредиХоризонталната дистрибуција на одделни профили во езерото не е иста со прикажаниот начин, што се гледа, како од батиметриското распространување, така и од густината на населеност на разни длабочински места. Најголемо хоризонтално простирање се јавува во профилите III и IX до 60 метри, а најмало на прогилите II, IV, VIII и XI до 30 метри длабочина.Освен на профилите VIII и XI, оваа форма во сите профили започнува од почетниот дел на брегот. Квантитативно најзастапена е на профилите I, III, V, VII и VIII со најголема густина на популацијата од 22 до 46 метри длабочина. Во месноста Дањан е застапено со 3600 инд./м² до 22 метри длабочина, а во месноста Подмолје, густината на популацијата на 19 и 4 метри изнесува 3200 инд./м², додека на 30 метри, 1400 инд./м². Густината на популацијата е сведена на минимум во XII профил со 88 инд./м² и таа е еднанкав преку сето вертикално распространување, а на XI профил оваа форма речиси и не е застапена.
Во пластовите на рецентните седименти на дното квантитативно најмногу е застапена од 0 до 6 см. со 600 инд./м², а потоа од 6 до 9 см. со 400 инд./м² и најмалку од 9 до 11 см. со 180 инд./м².[1]
Опис
уредиРаспространетост
уредиОваа форма главно е распространета од 0 до 40 метри длабочина со максимална густина на популацијата во литоралниот регион. Ретко, и на одделни профили (Далјан, Грново, Св.Заум, Пештани) слегува и до 50 и до 60 метри длабочина. Пред Далјан, максималната густина се јавува во сублиторалниот регион, што најверојатно се должи на најголемо количество на храна од детритусен материјал, што ја носи реката и што најверојатно во овој дел на дното е максимално наталожена. Според нејзиното батиметриско распространување, оваа форма се јавува како стенотопна форма. Во однос на фациесот на дното, најголема густина на популацијата се јавува таму каде што дното, помалку или повеќе е тињевито, но не ги одбегнува ни песковитите ни мешаните подлоги со тиња и песок. Најмала густина на популацијата се јавува пред Трпејца и Св.Заум што може да се објасни со тоа што таму дното, помалку или повеќе, е каменито-карпесто. Во однос на температурата, оваа форма се јавува еуритермна.
Сезонско колебање
уредиКривите добиени поради сезонското варирање во текот на 1953/54 и 1954/55 година речиси се подудираат. Всушност, кривата покажува два максимума, и тоа едниот во јуни а другиот во декември, и два минимума, од кои, едниот во јули, а другиот во јануари и февруари. Можно е овие два максимума да се во тесна врска со размножувањењто, што би било во прилог на претпоставката дека оваа форма има две годишни генерации, бидејќи како што било напоменато и порано, се среќаваат и полово активни единки и во летните (јуни-август) и во зимските (јануари-февруари) месеци.
Годишно колебање
уредиНивото на застапеноста на оваа форма речиси е исто. Во 1953 година е застапена со 30,5%, во 1954 со 35,3% и во 1955 со 34,2%, т.е. максимумот се паѓа во 1954 година.
Hrabe (1931) наведува дека оваа форма Туpica на овој вид е распространета во сите длабински зони и дека квантитативно е најзастапена во профундалот и тоа во неговиот долни дел, додека формата Variabilis е распространета освен во долниот дел на профундалот во сите длабочински зони со максимална квантитативна застапеност во сублиториалниот регион. Според испитувањата на Станковиќ (1955) вертикалната дистрибуција на формата Туpica започнува уште од брегот со 80 инд./м² и густината на популацијата според длабочината нагло се наголемува до 35 метри (450 инд./м²), а потоа постепено и во сосема мала мера се намалува (на 175 метри на 650 инд./м²). Формата Variabilis е распространета од брегот до 50 метри длабочина со максимална густина на популацијата на 15 метри со 220 инд./м². Според Станковиќ, максималната густина на популацијата изнесува 650 инд./м², а според истражувањата на Хидробиолошкиот завод охрид, таа изнесува 1350 инд./м².[1]