Три Водедолина на Шар Планина. Се наоѓа во северниот дел на Шар Планина во пределот над Теарце и Лешок. Ја претставува долината на течението на реката Бистрица и всушност најточно со името Три Воде се именува месноста во проширениот дел на долината каде што се составуваат и се влева Чаушичка Река во Бистрица. На север е ограничена од главниот шарпланински срт со врвовите Чаушица, Пескови и Бистрички Врв, кон исток Чаушички Срт и Доброшки Врв ја одделуваат од соседната долина на Габровница со двете Доброшки Езера, на запад гребенот на Кучи Баба, Рогопеч, Плоча ја одделуваат од соседната долина на Пена, а кон југ е отворена кон котлинската рамнина на Полог на чие допирање е расположено селото Теарце. Долината изобилува со прекрасна природа и густа шума, а во минатото до воениот конфликт во 2001 токму во месноста Три Воде постоеле и одморалиште и лечилиште за белодробни заболувања.

Поглед на долината Три Води од Чаушички Срт

Одлики

уреди

Три Води (или популарно наречен на тетовски дијалект Три Воде) е привлечна планинска месност на Шар Планина. Сместен е во северниот дел на масивното планинско било на Шара, на надморска висина од околу 1320 метри. По воздушна линија од градот Тетово е оддалечен околу 16-18 километри. До Три Води се стигнува преку селото Брезно од кое е оддалечен околу 7,5 километри, или околу 2,5 часа пешачење. Три Води е вклучен во планинарски излет на планинарскиот клуб "Љуботен". Планинарската стаза до Три Води од селото Брезно (950 надморска висина) е релативно лесна. Се пешачи најпрво низ мешана шума, тука, во овој дел се достига н.в. од околу 1250 метри. Потоа патеката продолжува по земјен пат по кој можат да се движат теренски возила. Од еден дел од патот може да се види и ледничкото Брезјанско Езеро, до кое доколку се одвоите од трасата се стигнува за 5 мин пешачење. Горе, на Три Води природата била прилично дарежлива. Изобилува со вода, густа борова и мешана шума, како и пасиште. Од Три Води се гледа Доброшки Врв. До 2001 година на Три Води постоеше планинарски дом, кој за време на етничкиот конфликт, за жал, беше запален и разрушен.

Надворешни врски

уреди