Триптан
Триптаните се класа на лекови чија структура се заснова на структурата на триптаминот и кои се користат како абортивна терапија во третманот на мигрена и кластерна главоболка. Оваа класа на лекови за прв пат била воведена во 1990-те. Иако се ефикасни во третманот на индивидуалните главоболки, тие не обезбедуваат нивна превенција. Триптаните не се ефикасни во третманот на тензиона главоболка,[1] освен кај лица кои имаат и мигрена.[2] Триптаните не ублажуваат други типови на болка.
Триптани | |
---|---|
Класа на лек | |
Хемиска структура на суматриптанот, прототипен лек од класата | |
Употреба | Мигрена, кластерна главоболка |
Биолошки таргет | 5-HT1B рецептор, 5-HT1D рецептор |
ATC код | N02CC |
Овие лекови делуваат како агонисти на серотонинските 5-HT1B и 5-HT1D рецептори во крвните садови и нервните завршетоци во мозокот. Првиот клинички достапен триптан бил суматриптанот од 1991 година. Триптаните во голема мера ги замениле ерготамините, постара класа не лекови кои се користеле за ублажување на мигренозна и кластерна главоболка.[3]
Наводи
уреди- ↑ Mutschler, Ernst; Gerd Geisslinger; Heyo K. Kroemer; Sabine Menzel; Peter Ruth (2013). Arzneimittelwirkungen (германски) (10. изд.). Stuttgart: Wissenschaftliche Verlagsgesellschaft. стр. 233–4. ISBN 978-3-8047-2898-1.
- ↑ Green, Mark W. (2015). „Overview of Migraine: Recognition, Diagnosis, and Pathophysiology“. Во Diamond, Seymour; Cady, Roger K.; Diamond, Merle L.; Green, Mark W.; Martin, Vincent T. (уред.). Headache and Migraine Biology and Management. Academic Press. стр. 44. ISBN 9780128009017. Архивирано од изворникот 2018-05-06 – преку GoogleBooks.
- ↑ Antonaci, Fabio; Ghiotto, Natascia; Wu, Shizheng; Pucci, Ennio; Costa, Alfredo (2016). „Recent advances in migraine therapy“. SpringerPlus. 5: 637. doi:10.1186/s40064-016-2211-8. ISSN 2193-1801. PMC 4870579. PMID 27330903.