Трета македонска мерида

Трета македонска мерида ― автономна административно-политичка и економска област, формирана по паѓањето на Македонија под римска власт (168 г.пр.н.е.),[1]со решение на римскиот сенат, кое им го соопштил на Македонците римскиот конзул Емилиј Павел, на собранието во Амфипол (167 г. пр. н.е.).[2]

Археолошки остатоци од градот Пела

Ги зафаќала териториите помеѓу реката Аксиј (Вардар) и Пенеј, како и делови од Пајонија, западно од Аксиј. Главен град на областа бил Пела.[1] Основни административни единици на областа биле градските општини (цивитатес), на чело со собрание, составено од претставници на општините.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 458. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. 2,0 2,1 „ТРЕТА МАКЕДОНСКА МЕРИДА - Македонска Енциклопедија“. 2021-10-23. Архивирано од изворникот на 2021-12-27. Посетено на 2021-12-27.