Трепкачки споредувач

Трепкачкиот споредувач ― апарат за гледање кој порано го користеле астрономите за да ги пронајдат разликите помеѓу две фотографии од ноќното небо. Овозможува брзо префрлување од гледање на една фотографија на гледање на друга, „трепкање“ напред-назад помеѓу двете слики направени од иста област на небото во различно време. Ова му овозможува на корисникот полесно да ги забележи објектите на ноќното небо кои ја промениле положбата. Понекогаш бил познат и како трепкачки микроскоп. Тој бил измислен во 1904 година од физичарот Карл Пулфрих во Carl Zeiss AG тогаш именуван како Фондација „Карл-Цајс“.[1]

Овој трепкалки споредувач во Ловеловата опсерваторија бил користен при откривањето на Плутон во 1930 година.

На фотографиите направени со разлика од неколку дена, објектите кои брзо се движат, како што се астероидите и кометите, би се издвоиле, бидејќи изгледале како да скокаат напред-назад помеѓу две положби, додека сите далечни ѕвезди остануваат неподвижни. Фотографиите направени на подолги интервали може да се користат за откривање ѕвезди со големо правилно движење или променливи ѕвезди или за разликување двојни ѕвезди од двоѕвезди.

Најзабележителниот објект што може да се најде со оваа техника е Плутон, откриен од Клајд Томбо во 1930 година.

Проекцискиот трепкачки споредувач (PROBLICOM), измислен од аматерскиот астроном Бен Мајер, е евтина верзија на професионалната алатка. Се состои од два лизгачки проектори со вртечки диск за затнување што наизменично ги блокира сликите од проекторите. Оваа алатка им овозможила на аматерските астрономи да придонесат во некои фази на сериозно истражување.

Современи замени

уреди

Во современите времиња, уредите поврзани со полнење (CCD-а) во голема мера ги замениле фотографските плочи, бидејќи астрономските слики се чуваат дигитално на сметачите. Техниката на трепкање може лесно да се изведе на сметачки екран наместо со физички апарат на трепкачки споредувач како порано.[2]

Техниката на трепкање денес помалку се користи, бидејќи алгоритмите за диференцијација на слики забележуваат предмети што се движат поефикасно отколку човечките очи. За да се измери прецизната положба на познат објект чија насока и брзина на движење се познати, се користи софтверска техника „track and stack“. Повеќе слики се надредени така што подвижниот предмет е наместен на своето место; подвижниот објект потоа се издвојува како точка меѓу ѕвездените траги. Ова е особено ефикасно во случаи кога движечкиот предмет е многу слаб и ако наметнувањето на повеќе слики од него овозможува подобро да се види.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди