Трајко Муфтински
Трајко Муфтински (1892 – 1963) е првиот академски сликар и зограф од Куманово. Основно и средно образование завршил во родниот град, а се образувал во Белград, Прага и Загреб. Во 1927 година завршил Виша школа за уметност и уметнички занаети на Ликовната академија во Загреб, имал студиски престои во Прага и Париз.
Трајко Муфтински | |
---|---|
Роден(а) | 1892 Куманово, Османлиско Царство (денес Македонија) |
Починал(а) | 1963 Белград, СФРЈ |
Живописувал фрески и иконостаси низ повеќе цркви и манастири низ Македонија и во соседна Србија. Како профан сликар сликал теми од секојдневниот живот - пејзажи со градски, селски и приморски мотиви, мртви природи, портрети. Организирал само една самостојна изложба во 1960 година во Куманово.