Тошова Лака (Криволак)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Тошова Лака — населба и некропола од доцноантичкото време. На просторот помеѓу железничката пруга и асфалтниот пат, што се наоѓа на десниот брег на Вардар и на јужниот раб од селото Криволак, се најдени гробови од камени плочи, со насоченост исток-запад. Во близината на лозјето на М. Стево се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, градежен материјал и делови од архитектонска пластика.[1]

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069