Тохунга
Во културата на Маорите во Нов Зеланд, тохунга (маорски: tohunga) е стручњак по некој занает, вештина или знаење. Тука спаѓаат и стручни свештеници, исцелители, морепловци, резбари, градители, учители и советници. Поимот е истоветен со хавајскиот поим кахуна.
Тохунгите се сметале за свети лица (до различен степен).
Терминологија
уредиПостоеле многубројни класи на тохунга (Buck 1974:474), меѓу кои:
- Тохунга ахурева: највисоката класа на свештеници
- Тохунга кијато: најниската класа на свештеници
- Тохунга матаките: јасновидци
- Тохунга факаиро: стручњаци по резбарство и копаничарство
- Тохунга татаи ароранги: стручњаци по толкување на ѕвездите
- Тохунга тараи вака: стручњаци по изградба на чунови
Поврзано
уредиНаводи
уреди- T. R. Hiroa (Sir Peter Buck), The Coming of the Maori. Второ издание. Прво изд. 1949. Wellington: Whitcombe and Tombs) 1974.
Оваа статија поврзана со Маорите е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |