Торта со банана
Тортата од банана е торта подготвена од банана како главна состојка и други карактеристични состојки за колачи. Може да се подготви на различни начини, и како слој од торта колаче, како мафини и како кекси. Тортата со банана на пареа може да се сретне во кинеската, малезиската, индонезиската и виетнамската кујна. На Филипините, терминот „банана торта“ се однесува на леб од банана кој потекнува од времето на американскиот колонијален период на Филипините.[1]
Подготовка
уредиТортата од банана се подготвува со користење на банана како главна состојка и други состојки карактеристични за колачи како што се: брашно, шеќер, јајца, путер, маргарин или масло и сода бикарбона. Бананите може да се пасираат или блендираат со помош на блендер или електричен миксер и да се измешаат во тестото за колачи, а тортата исто така може да се прелие или украси со исечкани банани. Колачот од банана може да се подготви со употреба на зазреани или премногу зрели банани. Чоколадото може да се користи како состојка, кое заедно со бананата претставува пријатна вкусна комбинација за некои луѓе. Јаткастите плодови, како што се оревите и бадемите, може да се користат во тестото и за посипување одозгора и украсување на тортата.
Во подготовката на колачот може да се користи обична глазура или глазура што може да содржи алкохолни пијалоци како што е бурбонот. Колачот од банана може да се пече, а може да се подготви и како торта на пареа. Тортата со банана може да има мека текстура. Може да се подготви како слој на тортата, а тестото за колачи може да се користи и за подготовка на мафини и кекси од банана. Може да се подготви и како вегетаријанско јадење и како јадење со малку маснотии.
Видови
уредиВо кинеската кујна
уредиВо кинеската кујна, тортата од банана е еден вид на гао, тоа се вид на парени колачи на база на брашно. Кинеското гао обично се служи заедно со оброците или помеѓу оброците со чај, а обично не се служи како десерт.
Во бурманска (мјанмар) кујна
Во бурманската кујна, колачот со банана е многу популарен десерт.[2] Често се служи на свадби, роденденски забави и гозби. Се јаде и за време на празникот Рамазан Бајрам.
Бан Чои
уредиБан Чои е вид виетнамски колач од банана или пудинг од леб. Колачот обично се вари на пареа, а пудингот од леб може да се пече.
Куе Нагасари
уредиКуе нагасари е популарна индонезиска торта со банана на пареа која може да се подготви од банана, брашно од мунго грав или оризово брашно, кокосово млеко и шеќер.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Banana Bread Recipe“. Panlasang Pinoy. Посетено на 8 January 2022.
- ↑ „Burmese Banana Cake with Cinnamon Flavor Recipe by Chef Naing Win : Recipe from Top Asian Chefs“. Top Asian Chefs (англиски). 2022-09-07. Посетено на 2023-04-05.
Литература
уреди- Shi, J.; Shahidi, F.; Ho, C.T. (2005). Asian Functional Foods. Nutraceutical Science and Technology. CRC Press. стр. 116–117. ISBN 978-1-4200-2811-9.
Надворешни врски
уреди- Торта со банана на Ризницата ?