Тори и Локита
„Тори и Локита“ (француски: Tori et Lokita) – филм на режисерите Жан-Пјер (Jean-Pierre) и Лик (Luc) Дарден (Dardenne), кои се автори и на сценариото. Главните улоги ги играат: Пабло Шилс (Pablo Schils), Жоели Мбунду (Joely Mbundu), Албан Укај (Alban Ukaj) и Тајмен Говерц (Tijmen Govaerts). Филмот бил номиниран за наградата „Златна палма“ на Канскиот фестивал, а браќата Дарден ја освоиле посебната награда.[1]
Синопсис
уредиВо филмот се прикажува пријателството на двајца млади луѓе кои пристигнале од Африка и живеат во сурови услови во својата нова татковина – Белгија.