Тома Караџиу

романски глумец

Тома Караџиу (романски: Toma Caragiu; 21 август 1925 – 4 март 1977 година) — романски театарски, телевизиски и филмски глумец.[1]

Тома Караџиу
Роден(а)21 август 1925(1925-08-21)
Хропишта, Префектура Касторија, Грција
Починал(а)4 март 1977(1977-03-04) (возр. 51)
Букурешт, Романија
Националностромански
ЗанимањеАктер
РодниниМатилда Караџиу Мариосеану (сестра)
Geta Caragiu [ro] (sister)

Роден е во влашко семејство од Рупишта, Егејска Македонија на 21 август 1925 година. Тома Караџиу бил еден од најпознатите романски глумци, со богата дејност и во филмот и во театарот. Тој сакал да игра комични ликови, но се истакнал и во драмата, а еден од неговите референтни филмови е „ Actorul și Sălbaticii “. Играл покрај големите глумци како што се Штефан Баника, Octavian Cotescu, Anda Călugăreanu итн.

Тома Караџиу е најпознат по своите монолози. Во овие кратки раскази, тој успеал да состави приказни кои комбинираа сарказам, сатира и црн хумор. Неговите монолози биле суптилни и обработуваа различни теми, почнувајќи од политиката и завршувајќи со митски концепти. Во секој монолог додавал личен шмек на сценариото, создавајќи топла и хумористична атмосфера.

Загинал во Букурешт, за време на земјотресот од 4 март 1977 година . Погребан е на гробиштата Белу. Неговата прва сопруга била актерката Марија Бондар, а втората Елена Бичман .

Караџиу имал две сестри, лингвистот Матилда Караџиу Мариочеану и скулпторката Geta Caragiu [ro] .[2] 

Наводи

уреди
  1. Iana, Ciprian (March 4, 2019). „Averea lui Toma Caragiu, găsită în cărțile din biblioteca lui! Marele actor a murit la cutremurul din 4 martie 1977“ [Toma Caragiu's fortune, found in the books in his library! The great actor died in the earthquake of March 4, 1977]. Libertatea (романски). Посетено на December 15, 2020.
  2. Lecea, Doina (11 March 2019). Badea, Anda (уред.). „O PERSONALITATE PE ZI: Lingvistul Matilda Caragiu Marioțeanu, Academia Româna“ (романски). Agerpres.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди