Тирамола (италијански: Tiramolla) ― италијански стрипов лик создаден во 1952 година од Роберто Ренци и Џорџо Ребуфи.[1]

Тирамола
Информации од објавувањето
Прво појавувањеКучоло (8 август 1952)
Создаден одРоберто Ренци, Џорџо Ребуфи

Тирамола (буквален превод: Истегната Пружина) е бизарен супер јунак кој наликува на човече од цртички со растегливо витко тело, овално лице, долги нозе, цилиндрична глава и лак. Тирамола ја има стекнато единствената способност да може да се истегнува како што сака, дури и на неколку километри, откако ќе падне во голем сад со гума.[1]

Тој се појавил за прв пат во август 1952 година како спореден лик во стрипот „Кучоло и Бепе“ (Cucciolo e Beppe), во списанието Cucciolo, во приказната „Загадочноста на вилата“(„Il mistero della villa“). Првиот карикатурист бил Џорџо Ребуфи.[1][2]

На 15 јули 1959 година, Тирамола станал ѕвезда на истоименото независно списание, издадено од Edizioni Alpe. Умберто Манфрин му се придружил на Ребуфи во улогата на писател, а подоцна станал и карикатурист со псевдонимот Мамберто.[2] Биле претставени нови ликови: батлерот Саета, кучето Улао, „Адмиралот“, Каучиу, внукот на Тирамола кој ги поседува истите моќи на неговиот вујко, негативецот господин Магија и други ликови од сатирично вдахновение како што е сметководителот Роси (тоа го симболизираат италијанскиот педант) и Адвокатот на ѓаволот (вдахнат од Пери Мејсон).[2]

Во редовните серии имало алманаси, збирки и препечатувања во интензивен распоред на неделни, месечни и тримесечни изданија.

На крајот на 1980-тите, по смртта на уредникот Џузепе Карегаро, Тирамола ги завршила своите публикации. Набргу подоцна, на почетокот на 1990 година, Тирамола била повторно лансирана под нов издавач, Vallardi, но списанието не успеало да го врати стариот успех и конечно била затворена во средината на 1993 година.[2]

Исто така, во 1992 година, Dan Videos го произвел „Тирамолски авантури“ (Tiramolla Adventures), анимирана серија во режија на Џузепе Лагана.[2][3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Renzi, Roberto; Rebuffi, Giorgio; Manfrin, Umberto (2005). I Classici del fumetto. Serie oro - Tiramolla (италијански). Panini Comics - La Repubblica.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Fossati, Franco (1996). Dizionario dei fumetti (италијански). A. Vallardi. ISBN 88-11-90456-0.
  3. „Tiramolla Adventures“ (италијански). Antonio Genna. Посетено на 6 март 2022.

Дополнителна книжевност

уреди
  • Renzi, Roberto; Rebuffi, Giorgio; Manfrin, Umberto (2002). Tiramolla 1952-2002 (италијански). [Торино]]: Pavesio. ISBN 88-87810-23-0.CS1-одржување: место (link)

Надворешни врски

уреди