Тилапија
Тилапија | |
---|---|
Нилска типалија, -{Oreochromis niloticus niloticus}- | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни (Animalia) |
Колено: | Хордати (Chordata) |
Класа: | Зракоперки -{Actinopterygii}- |
Ред: | -{Perciformes}- |
Семејство: | -{Cichlidae}- |
Родови | |
-{Oreochromis}- -{Günther, 1889 |
Тилапија (Tilapia) — вид на тропска риба. Името тилапија е заедничко име за различните видови на три родови: Tilapia, Sarotherodon и -Oreochromis. Тие се дел од фамилијата циклиди (Cichlidae). Самото име тилапијанајверојатно потекнува од африканскиот бехуана збор "-{thiape}-" што значи риба. Таа е автохтона афринанска риба и се одгледувала на тие простори и пред 3.000 години. После Втората светска вонја нејзиното производство се проширило во Азија и во другите делови од светот.
Врстата од родот Tilapia ги положува јајцата на подлога во гнездата а потоа двајцата родители ги чуваат и ги бранат јајцата и младите. Најпознати се: Црвеноградна (Tilapia rendaii), Црвеностомачна (Tilapia zillii), Зебра тилапија (Tilapia buttikoferi)и др.
Врстите од родовите Оreochromis и Sarotherodon се "mouthbrooders", што значи дека вршат инкубација на икрата во устата. (веднаш после оплодувањето, родителите ја земаат икрата во уста и ја чуваат неколку дена).
Поголемиот дел од родот Sarotherodon се "biparental mouthbrooders", што значи дека двајцата родители ја земаат икрата во уста, да речеме Sarotherodon galilaeus -Манго тилапија. А други како што е Sarotherodon melanotheron се "parental mouthbrooders"- само мажјаците се грижат за младите.
Сите видови од родот Oreochromis се "maternal mouthbrooders", односно само женките ги земаат јајцата и ги инкубираат во устата. Мажјаците за тоа време обично се собираат во групи, каде извршуваат ритуално "мерење на силите", очекувајжи ново парење со женките.
Најпознати с: O. niloticus niloticus (нилска тилапија), O.mossambicus (мозамбичка тилапија), O.aureus (сина тилапија), O.urolepis hornorum (вамска тилапија).
Денес готово сите економски значајни врсти на тилапијата кои се одгледуваат во аквакултури припаѓаат на родот Oreochromis, а убедливо најзастапена е нилската тилапија O.niloticus со 85%.
Видови
уреди- Tilapia bakossiorum
- Tilapia baloni
- Tilapia bemini
- Tilapia bilineata
- Tilapia brevimanus
- Tilapia busumana
- Tilapia buttikoferi
- Tilapia bythobates
- Tilapia cabrae
- Tilapia cameronensis
- Tilapia camerunensis
- Tilapia cessiana
- Tilapia coffea
- Tilapia congica
- Tilapia dageti
- Tilapia deckerti
- Tilapia discolor
- Tilapia flava
- Tilapia guinasana
- Tilapia guineensis
- Tilapia gutturosa
- Tilapia hunteri
- Tilapia imbriferna
- Tilapia ismailiaensis
- Tilapia jallae
- Tilapia joka
- Tilapia kottae
- Tilapia louka
- Tilapia margaritacea
- Tilapia mariae
- Tilapia nigra
- Tilapia nyongana
- Tilapia rendalli
- Tilapia rheophila
- Tilapia ruweti
- Tilapia snyderae
- Tilapia sparrmanii
- Tilapia spongotroktis
- Tilapia tholloni
- Tilapia thysi
- Tilapia walteri
- Tilapia zillii
- Oreochromis niloticus niloticus
- Oreochromis mossambicus
- Oreochromis aureus
- Oreochromis urolepis hornorum
- Sarotherodon galilaeus
- Sarotherodon melanotheron