Технички универзитет на Молдавија

Технички универзитет на Молдавија (романски: Universitatea Tehnică a Moldovei) - високотехничка образовна установа сместена во Кишинев, Молдавија и е единствениот ваков институт во земјата кој е акредитиран од државата.

Технички универзитет на Молдавија
Universitatea Tehnică a Moldovei
Поранешно име
Политехнички институт Кишинев
ВидДржавен униветзитет
Основан1964; пред 60 години (1964)
РекторВјорел Бостан
Студенти9,520[1]
МестоКишинев, Молдавија
utm.md

Историја

уреди

Техничкиот универзитет во Молдавија е основан во 1964 година, под името Политехнички институт Кишинев, како образовен центар со инженерски и економски струки пренесен од Државниот универзитет на Молдавија.

Универзитетот започнал со 5.140 студенти и 278 наставници во рамките на 5 факултети: Електротехника, механика, технологија, градежништво и економија. Од 1964 година, универзитетот значително се развил, произведувајќи 66 000 специјалисти и станува важно образовно, научно и културно средиште.

Факултети

уреди

Универзитетот нуди курсеви во околу 80 струки и специјализации, во рамките на следните 10 факултети:

  1. Факултет за енергетика
  2. Факултет за инженерство и менаџмент во механика
  3. Факултет за инженерство и менаџмент во машинска зграда
  4. Факултет за инженерство и раководство во електроника и телекомуникации (пред факултетот за електро-физика)
  5. Факултет за компјутери, информатика и микроелектроника (пред факултет за електро-физика)
  6. Факултет за технологија и раководење во прехранбената индустрија
  7. Факултет за лесна индустрија
  8. Факултет за урбанизам и архитектура
  9. Факултет за катастар, геодезија и градежништво
  10. Факултет за економско инженерство и бизнис

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди