Шумарско-дрвопреработувачка струка
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Шумарско-дрвопреработувачката струка ја опфаќа областа за изработка и производство на мебел и ентериер. Се изучува анатомската градба и техничките својства на дрвото и неговата обработка. Во оваа струка учениците се запознаваат со машините кои служат за финална обработка на дрвото, а во понатамошното нивно надградување учат како да вршат проектирање на мебел и преку дрвните конструкции доаѓаат до идни решенија при изработка на мебелот. Исто така учениците ја изучуваат техничката документација која е потребна и го следи производниот процес на мебелот. Преку практичната настава која е составен дел на образованието, учениците реализираат готови производи. По завршување на четиригодишното образование, учениците можат да се запишат на било кој од факултетите од земјата а и од странство, но најсроден и најблизок е Шумарскиот факултет.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |