Терје Рипдал
Терје Рипдал (роден на 23 август 1947 година) е норвешки гитарист и композитор. Еден е од позначајните современи норвешки композитори особено во џез музиката[1].
Терје Рипдал Terje Rypdal | |
---|---|
Терје Рипдал 2010 г. | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 23 август 1947 Осло, Норвешка |
Жанрови | |
Занимања | музичар |
Инструменти | Гитара |
Период на активност | 1962–сега |
Издавачи | ECM |
Кариера
уредиРипдал е роден во Осло, Норвешка, син на композитор и диригент.
Студирал класично пијано.
Како рок гитарист започнал под влијание на Хенк Марвин со Д Вангардс (анг: The Vanguards), Рипдал се посветил на џез во 1968 година и се приклучи на групата на Јан Гарбарек, а подоцна и на секстетот и оркестарот на Џорџ Расел.
Важен чекор кон меѓународното внимание било неговото учество на фестивалот Фри џез во Баден Баден, Германија, во 1969 година, каде што бил дел од бендот предводен од Лестер Боуви. За време на неговите музички студии на универзитетот и конзерваториумот во Осло, тој го предводел оркестарот на норвешката верзија на мјузиклот Коса. Често снимал за издавачката куќа ECM, како материјал ориентиран кон џез, така и класични композиции (од кои некои не ја содржат гитарата на Рајпдал).
Неговите композиции Ласт најт (анг: Last Nite) и Мистери мен (анг: Mstery Man) беа прикажани во филмот на Мајкл Ман Жештина (анг: Heat) и вклучени во саундтракот со исто име[2].
-
Терје Рипдал во Варшава, 2005 година
-
Рипдал во Баскија, 2016 година
Животопис
уредиРипдал бил во брак (1969–1985) со норвешката пејачка Ингер Лисе Андерсен/Рипдал, и тие имале две деца, ревизорот Даниел (1970) и електронскиот музичар Мариус (1977). Рипдал повторно се оженил во 1988 година со Елин Кристин Бергеи (родена на 28 мај 1955 година). Имаат две деца Ане Изабел (1988) и гитаристот Јакоб Рипдал (1989). Тие (од 2013 година) живеат во Тресфјорд.
Дискографија
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Матична страница
- Терје Рипдал — AllMusic (англиски)
- Terje Rypdal on ECM Records
- Notes on the Road Interview with Terje Rypdal Архивирано на 9 декември 2017 г.