Терорист е филм на Бенјамин Хајсенберг во германско-австриска копродукција од 2005 година. Улогите ги играат Бастијан Трост, Мехди Небу, Лорета Пфлаум.

Заплет уреди

Јоханес се доселува во Минхен да работи како постдипломец на катедрата за вирусологија на техничкиот универзитет. Во кругот на младиот научник спаѓа и Алжирецот Фарид, кој им се посветува на истите истражувачки работи како и Јоханес. Уште пред да стапи на работното место, на Јоханес му приоѓа една соработничката за заштита на уставот. Од него се бара да доставува информации за Фарид. Јоханес ужаснат го одбива ова барање, но сепак, црвот на сомнежот влегува во него. Се менува начинот на кој го гледа својот колега.

Дали неговиот колега е потенцијален терорист?

Младата келнерка Беате, за која се интересира и Јоханес, се вљубува во Фарид. Истовремено се заострува и службената конкуренција меѓу Фарид и Јоханес. Почнуваат да се мешаат приватното и службеното, моралната и политичката одговорност...