Терминатор 2: Судниот ден
Терминатор 2: Судниот ден (англиски: Terminator 2: Judgment Day) — американски филм, во режија на Џејмс Камерон. Главните улоги ги толкуваат: Арнолд Шварценегер, Линда Хамилтон и Роберт Патрик.
„Терминатор 2: Судниот Ден“ | |
---|---|
Плакат | |
Режисер | Џејмс Камерон |
Продуцент | Џејмс Камерон |
Сценарист |
|
Главни улоги | |
Музика | Бред Фидел |
Кинематографија | Адам Гринберг |
Монтажа | |
Студио | |
Дистрибутер | TriStar Pictures |
Премиера | јули 1 1991(Лос Анџелес) јули 3 1991 (САД) август 25 2017 (3D)(САД) |
Времетраење | 137 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $94–102 милиони |
Бруто заработка | $523.7 милиони |
Содржина
уредиСара Конор дознава дека нејзиниот син, Џон е последната надеж за да се спаси и одржи човештвото. Таа се претвора во вистински воин за да го советува и брани својот син од терминаторите кои се испратени од иднината за да го убијат Џон Конор. Поради нејзините апокалиптични визии, Сара ја сместуваат во лудница, а Џон го удомуваат. Од иднината пристигнува најновиот модел на терминатор Т-1000 со задача да го елиминира Џон. Меѓутоа, истовремено пристигнува и еден добар терминатор од постариот модел Т-800, чија мисија е да го заштити Џон Т. Т-1000 постојано и неуморно го бара Џон, но Т-800 му се противставува и го уништува Т-1000. Т-800, Сара и Џон дознаваат за Skynet и за Дајсон, решени да го спречаат Судниот Ден. Тие ја уништуваат опремата на Дајсон, а потоа Сара го уништува T-800 по негово барање, бидејќи не може самиот да се самоубие. Филмот завршува со мислите на Сара за иднината.[1]
Глумци
уреди- Арнолд Шварценегер како Терминатор T-800 (Model 101)
- Едвард Фурлонг како Џон Конор
- Линда Хамилтон како Сара Конор
- Роберт Патрик како T-1000
- Џо Мортон како Мајлс Бенет Дајсон
- Ерл Боен како Д-р Питер Силберман
За филмот
уредиЏејмс Камерон се одлучи да направи продолжение на првиот филм. Арнолд Шварценегер рече дека се чувствувал дека треба да се продолжи приказната на Терминатор, затоа тој и Хамилтон се согласија да ги репризираат улогите од првиот филм и тоа и го сторија. За улогата на Џон Конор беше избран Едвард Фурлонг од стотина кандидати којшто сакаа да го глумаат Џон Конор. Роберт Патрик беше избран за улогата на Т-1000 и тој имаше претходно глумечко искуство, за разлика од Едвард, кој немаше. За улогата на Мајлс Дајсон бил избран Џо Мортон. Камерон заедно со неговите ко-продуценти изнајми канцеларија во Холивуд, отпочнувајќи ја продукцијата на филмот, тоа го направи пред да ја состави екипата на филмот. Адам Гринберг беше избран за директор на кинематографија, а и Јозеф Немек III беше задолжен за продукцијата.
Наводи
уреди- ↑ Антена, број 843, 22.8.2014, стр. 21.