Тереза де Лауретис
Тереза де Лауретис е професор по историја на свеста во Санта Крус и голем критичар на меѓународниот феминизам, филмот и „љуеер” студиите. Лауретис ги преплетува семиотиката со феминизмот за да докаже дека родовите идеологии ги обликуваат производите на кинематографијата и процесите, технологиите на репрезентациите на кинематографијата.
Нејзиниот важен придонес на теориите на женското посматрање е тврдењето дека нашата родова субјективност е конструирана низ нашите културни практики, а не само низ значењата на поединечните културни производи. Исто така тврди дека постојат „два”, а не еден женски посматрач; жената посматрач конструирана од филмот и жената посматрач како историски субјект.
Лауретис тврди дека посматрачите ја „прават одново” родовата репрезентација од филмот низ пародија и преку внесување на нивното сопствено историско разбирање во секое погледнато искуство. Сето ова го комбинира за да ги поткопа хетеросексуалните пораки и родови стереотипи.[1]
Белешки
уреди- ↑ „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.
Оваа статија поврзани со феминизмот е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |