Темпомат
Темпомат – систем кој се користи за одржување на поставената брзина на возилото. Возачот ја поставува постојаната брзина со која сака да вози на темпоматот, а потоа автоматиката ја презема и одржува поставената брзина. Овој регулатор на брзината ја одржува постојана брзината на возење без никаква контрола од возачот на педалот за гас. При кочење се исклучува темпоматот, па мора повторно да се постави саканата брзина. При поставување на брзина поголема од моменталната, автоматиката предизвикува забрзување до поставената брзина без притискање на педалот за гас од страна на возачот.
Темпоматот се разликува од ограничувачот на брзина, темпоматот ја одржува постојана брзината на возилото на поставената вредност без притискање на педалот за гас, а ограничувачот не влијае на брзината (истата ја регулира возачот со притискање на педалот за гас) сè до постигнувањето на предефинираната максимална брзина кога не дозволува понатамошно зголемување на истата.
Историја
уредиТемпоматот бил измислен од американскиот инженер Ралф Титор во 1945 година, а првпат бил инсталиран на автомобилот Крајслер империјал во 1958 година. Во 21 век повеќето возила што се продаваат во САД се опремени со овој уред.
Предности
уредиТемпоматот е корисен при патувања на долги растојанија (го намалува уморот на возачот) и генерално влијае на оптимизација на потрошувачката на гориво[1], особено кога станува збор за адаптивен темпомат[2]. Исто така го спречува несвесното пречекорување на брзината[3].
Со широка употреба на адаптивни темпомати на автопатиштата, според Форд, би се избегнале некои фантомски застои во сообраќајот.[4].
Генерално потребно е темпоматот да се ресетира по притискање на педалот на спојката но некои производители го подобриле системот со автоматско враќање на вредноста на темпоматот по оваа операција, под услов таа да се појави во ограничен временски период, обично 3 до 5 секунди. Една од предностите на темпоматот, иако никогаш не се споменува, е можноста ногата да се држи во приправност на педалот на сопирачката за да се добијат неколку десеттинки секунди за време на реакција во случај на нагло сопирање.
Негативности
уредиСо користењето на темпоматот претекнувањата стануваат подолги, а безбедносните растојанија се намалуваат. Адаптивните темпомати ги надминуваат овие негативности.
Исто така, при користењето на темпоматот може да дојде до опуштање на возачите, намалување на нивното внимание на возењето, а со тоа и зголемен ризик од незгода.
Адаптивен темпомат
уредиНекои модерни модели автомобили имаат вградено адаптивни темпомати, што општ поим за подобрени темпомати. Овие подобрувања главно се автоматско кочење и динамичко поставување на брзината.
Системот за автоматско кочење користи еден или повеќе сетилниксетилници (радар, лидар, камера) за да му овозможи на возилото да го следи темпото на возилото кое го следи, да успори кога му се приближи под одредено растојание и да забрзува до предефинираната брзина кога сообраќајот истото го дозволува. Некои системи имаат напредни системи за предупредување за судир, го предупредуваат возачот, со брзините на двете возила, премногу се доближува (во рамките на претходно дефинирано фронтално растојание или растојание на сопирање).
Системот за динамичко поставување на брзината ги користи податоците од ГПС системот за одредување на дозволената максимална брзина од база на податоци.
Динамичкиот радарски темпомат користи камера и радар (со милиметарска бранова должина) за да го одржува растојанието до возилото пред него, системот автоматски успорува или забрзува во зависност од возилото пред него.[5]
Возилата со адаптивни темпомати се сметаат за самовозечко возилосамовозечки возила од ниво 1.[6]
Наводи
уреди- ↑ « Économie de carburant : conseils sur la conduite et sur l’entretien », sur le site Ressources naturelles Canada, oee.nrcan.gc.ca, consulté le 3 octobre 2009.
- ↑ Notice : Volvo S80, Conduite et entretien, éd. 2007 (TP 8853), 123-124 et 152.
- ↑ « Limiteur, régulateur de vitesse et alerte de survitesse », sur le site peugeot.com
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-08-16. Посетено на 2019-05-20.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-10-12. Посетено на 2019-05-20.
- ↑ „Path to Autonomy: Self-Driving Car Levels 0 to 5 Explained - Feature - Car and Driver“. Посетено на 28 April 2018.
Надворешни врски
уреди„Темпомат“ на Ризницата ? |
- Nice, Karim. „How Cruise Control Systems Work“. howstuffworks.com.
- Ulsoy, A. Galip; Peng, Huei; Çakmakci, Melih (2012). Automotive Control Systems. Cambridge University Press. стр. 213–224. ISBN 9781107010116.
- Cruise control block diagram
- Overview of intelligent vehicle safety systems
- Intelligent Transport Systems
- Preventive safety applications and technologies
- Cruise [Un]Control: Driver sets the cruise control on his vehicle, then slips into the backseat for a nap at Snopes.com