Темен шаренец
Темен шаренец | |
---|---|
Женка | |
Женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Шаренци |
Род: | Melitaea |
Вид: | M. diamina |
Научен назив | |
Melitaea diamina (Lang, 1789) | |
Синоними[1] | |
Список
|
Темниот шаренец (Melitaea diamina) е пеперутка од семејството на шаренците.
Подвидови
уредиПодвидовите на пеперугата се:[2]
- Melitaea diamina alpestris Fruhstorfer, 1917
- Melitaea diamina badukensis Alberti, 1969
- Melitaea diamina codinai Sagarra, 1932
- Melitaea diamina diamina (Lang, 1789)
- Melitaea diamina erycina (Lederer, 1853)
- Melitaea diamina erycinides Staudinger, 1892
- Melitaea diamina hebe (Borkhausen, 1793)
- Melitaea diamina vernetensis Rondou, 1902
Распространетост
уредиПеперугата е распространета во Средна и Јужна Европа, јужен Сибир па сè до Јапонија.[2][3] Ја има и во Македонија. Овие пеперуги сакаат цветни и тревни површини, шумски предели на надморска висина до 2200 метри.[4]
Опис
уредиПеперутката има распон на крилја од 36 до 42 мм. Женките се поголеми од мажјаците.[5][6] Горната страна на крилјата се во темнокафена боја. Рабовите се во бела боја, а покрај рабовите до средината на крилјата има портокалови дамки во различна големина и форма. Телото е кафено, со црно-бели антени. Долната страна крилјата е во светлокафена или портокалова боја со бела боја и црна бордура. Видливи се кафени вени со црни шари. Задниот дел е пошарен со разновини форми на црна, портокалова и бела форма.[4][7] Видот лета од мај до јули. Во потопли предели има и до две генерации.[4] Гасениците се хранат со растенијата Valeriana officinalis, Valeriana sambucifolia, Valeriana dioica, Valeriana wallrothii, Filipendula ulmaria, Veronica chamaedrys, Plantago lanceolata, Melampyrum pratense, Melampyrum nemorosum, Polygonum bistorta и Patrinia.[2]
Галерија
уреди-
Мажјак, горна страна
-
Мажјак, долна страна
-
Женка, горна страна
-
Женка, долна страна
Литература
уреди- Ebert, G. & E. Rennwald (1993). Die Schmetterlinge Baden-Württembergs, Bd. 1., Stuttgart (Verlag Eugen Ulmer), pp. 508–513.
- Mitchell Beazley (1981). The Mitchell Beazley Pocket Guide to Butterflies. Mitchell Beazley, London. p 76.
- Schweizerischer Bund FÜR Naturshutz [eds.] (1987). Tagfalter und ihre Lebensräume. Arten – Gefährdung – Schutz, Fotorotar AG, Egg, Zurich. pp. 220–221.
- Tom Tolman, Richard Lewington - Guide des papillons d'Europe et d'Afrique du Nord, Delachaux et Niestlé, (ISBN 978-2-603-01649-7)
Наводи
уреди- ↑ Lepiforum.de
- ↑ 2,0 2,1 2,2 "Melitaea Fabricius, 1807" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
- ↑ „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2012-10-20. Посетено на 2021-02-08.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Melitaea diamina at Matt's European Butterflies
- ↑ Nature Gate
- ↑ „Captain's European Butterfly Guide“. Архивирано од изворникот на 2019-07-21. Посетено на 2021-02-08.
- ↑ Butterflies and Moths DK – Pocket Nature
Надворешни врски
уреди„Темен шаренец“ на Ризницата ? |
- Paolo Mazzei, Daniel Morel, Raniero Panfili Молци и пеперутки во Европа и Северна Африка
- Butterflies.de
- Papillons du Poitou-Charente