Телевизиска кула Хајнрих Херц
Кулата Хајнрих Херц (именувана по германскиот физичар и родениот хамбуржанец Хајнрих Херц) е радио-телекомуникациска кула и позната знаменитост на Хамбург, Германија.
Кула Хајнрих Херц | |
---|---|
Fernsehturm | |
Општи податоци | |
Вид | Радио-телекомуникациска кула |
Место | Хамбург, Германија |
Координати | 53°33′47″N 9°58′33″E / 53.563056° СГШ; 9.975833° ИГД |
Сегашни станари | no |
Почната | 1965 |
Завршена | 1968 |
Сопственик | Deutsche Funkturm GmbH (DFMG) |
Висина | 279,2 м |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Фриц Траутвајн |
Градежен инженер | Јерг Шлајх, Рудолф Бергерман, Фриц Леонарт |
Проектирана од архитектот Фриц Траутвајн, во соработка со градежните инженери Јерг Шлајх, Рудолф Бергерман и Фриц Леонарт, била градена 1965–1968 за поранешната Deutsche Bundespost (Германска сојузна агенција за пошти и телекомуникации, сега подружница на Deutsche Telekom, Deutsche Funkturm GmbH) близу Planten un Blomen (градски парк). Со вкупна висина од 279,2 метри е највисоката зграда во Хамбург; се состои од 204 метри челична конструкција во долниот дел, на врвот 45 м челични кули и три сегментирани цилиндри од околу 30 метри, кои ги држат различните антени.
Постојат осум концентрични платформи поставени една над друга; почнувајќи на 128 метри со двокатен простор за набљудување (долниот дел) и ресторен (горениот дел), опслужувани од два брзи лифтови. Над 150 метри е оперативната платформа за работа и опрема, а понатаму се шест со различна големина, помали отворени платформи во истите димензии, на кои се поставени антени за долги бранови („parabolic mirrors“). Бројот девет додал 25 метри висина во јули 2005.
Откако платформата за набљудување и ресторанот биле затворени (поради азбестна деконтаминација), поранешниот каскадер Јохен Швајцер направил база за банџи скокање. Ресторанот не бил отворен повторно, поради новите противпожарни мерки, а банџи-платформата била затворена на крајот на 2001.
Кулата станала дом на аматерската секција на радиото VFDB, станицата „DF0HHT“. Исто така, сместена е и станицата за пренесување на градот Хамбург.
Меморијалната плоча на ѕидот на кулата гласи: „Heinrich Hertz – Dem Sohn der Stadt Hamburg“ посветена на градскиот познат син.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Телевизиска кула Хајнрих Херц на Ризницата ?
- Кула Хајнрих Херц
Оваа статија околу зграда или градба во Хамбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |