Протуѓер

(Пренасочено од Телал)

Протуѓер[1][2] или телал[3][4] — официјално лице што јавно ги соопштува вестите.

Поштенска картичка со протуѓер во Провинстаун, Масачусетс

Обврски и функции

уреди

Протуѓерот ги соопштувал вестите на улица со викање. За да го сврти вниманието на јавноста пред да ги соопшти вестите, чукал на барабан што го носел со себе. Во западните земји носел ѕвоно наместо барабан, а подоцна добил и посебна облека. На Балканот, вообичаено протуѓерите носеле кокарда со знакот на државата.

Друго значење на телал

уреди

Телал значи и продавач на ситнурии и на стари, половни работи.

Наводи

уреди