Тековна сметка
Тековна сметка е дел од билансот на меѓународните плаќања. Таа ги прикажува тековните трансакции со странство во текот на определен временски период.
Опис
уредиТековната сметка ги претставува тековните трансакции помеѓу резиденти и нерезиденти чија цел не е трансфер на капитал. На пример, доколку еден Французин увезе американски фармерки, трансакцијата влегува во сметките за платниот биланс на САД како кредит на тековнaта сметка.[1] Тековната сметка се состои од четири дела:
- Стоки: увоз и извоз
- Услуги: Туризам, транспорт и останати услуги (телекомуникациони, инвестициони работи, деловни услуги)
- Доход: Надомест за вработени, доход од инвестиции (исплати на дивиденди, камати)
- Тековни трансфери: официјални и приватни.
Важноста на тековната сметка може да се воочи од нејзината декомпозиција претставена во следниов облик:
- CA = Y – (C + I + G) = Y – A,
каде што A = C + I + G и се нарекува апсорпција или вкупна домашна потрошувачка на стоки и услуги.
Тековната сметка сигнализира дали една земја е нето-должник или нето-кредитор. Кога една земја заработува повеќе отколку што троши (CA = Y – A > 0), таа е нето-кредитор во однос на остатокот од светот. Обратно, земјата која има дефицит на тековната сметка троши повеќе отколку што заработува (CA < 0 и A > Y), и таа разлика мора да ја покрие со задолжување во странство.[2]
Регион | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Развиени земји | -220,1 | -213,8 | -394,0 | -454,5 | -389,6 | -465,0 | -371,3 |
САД | -523,4 | -625,0 | -729,0 | -788,1 | -731,2 | -673,3 | -393,2 |
Евро-зона | 43,0 | 117,0 | 40,9 | 31,5 | 20,4 | -95,5 | -133,8 |
Јапонија | 136,2 | 172,1 | 165,7 | 170,4 | 211,0 | 157,1 | 76,4 |
Други земји | 124,1 | 122,2 | 128,3 | 131,6 | 110,2 | 146,7 | 79,3 |
Земји во развој | 151,3 | 226,1 | 447,8 | 630,6 | 633,4 | 714,4 | 262,4 |
Африка | -4,5 | 2,8 | 15,9 | 34,0 | 10,7 | 12,2 | -72,7 |
Средна и Источна Европа | -29,0 | -48,6 | -54,7 | -82,5 | -122,1 | -142,2 | -59,4 |
Заедница на независни држави | 35,7 | 63,5 | 87,5 | 96,2 | 70,9 | 108,7 | 0,6 |
Азија | 82,4 | 89,3 | 162,3 | 282,4 | 406,5 | 422,4 | 481,3 |
Среден Исток | 57,5 | 97,1 | 201,3 | 252,9 | 254,1 | 341,6 | -10,2 |
Западна полутопка | 9,3 | 22,1 | 35,5 | 47,7 | 13,4 | -28,2 | -77,3 |