Тегелско Езеро

езеро во Берлин, Германија

Тегелско Езеро (германски: Tegeler See) — второто по големина езеро во Берлин, Германија. Се наоѓа во северозападниот дел на градот во округот Рајникендорф, во Ортштајл на Тегел.

Тегелско Езеро
ПодрачјеБерлин
Главни приливиХафел,
Главни истециРека Хафел
Сливни земјиГерманија
Најг. должина4 км
Површина&100000000000004610000004,61 км2
Прос. длабочина7.9 м
Најг. длабочина16 м
ОстровиХаселвердер, Линдвердер, Шарфенберг, Рајсвердер, Баумвердер, Валентинсвердер и Мајенвердер
Населени местаТегел, Тегелорт

Преглед

уреди

Историското име Тегел (првпат е забележано во 1322 година како Тајгел) и е вообичаено за поголема територија и исто така се користи за населбите во месноста Тегел, населбата Тегелорт („Село Тегел“) во локалитетот Конрадшохе и меѓународниот аеродром Берлин-Тегел.

Езерото е поврзано со пловната река Хафел, која течела во и надвор од езерото на неговиот западен крај. Езерото е пловно до источниот крај, а пловидбата се спроведува како дел од Хавел–Одер–Васерштрасе .[1][2]

Поголемиот дел од брегот на езерото е приватен. Во рамките на езерото се наоѓаат островите Хаселвердер, Линдвердер, Шарфенберг, Рајсвердер, Баумвердер, Валентинсвердер и Мајенвердер. Шарфенберг, Валентинсвердер и Мајенвердер се достапни со некои од берлинските ферибродови.

Наводи

уреди
  1. „Hauptstrecken Abkürzungen“ [Main route abbreviations] (германски). Wasser- und Schifffahrtsverwaltung des Bundes. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2011-02-06.
  2. Sheffield, Barry (1995). Inland Waterways of Germany. St Ives: Imray Laurie Norie & Wilson. стр. 100–103. ISBN 0-85288-283-1.

Надворешни врски

уреди