Викерсова тврдост
Викерсова тврдост (Викерсова скала, тврдост по Викерс) — скала која ја изразува тврдоста на материјалите[1]. Се смета за полесен начин на утврдување на тврдоста бидејќи пресметките се независни од големината на втиснувачот, а самиот втиснувач може да се примени врз секакви материјали без оглед на тврдоста. Како и кај другите испитувања, задачата целта е да се одреди во која мера материјалот е способен да се спротивстави на пластично изобличување под дејство на стандарден извор. Викерсовиот метод може да се примени врз сите метали и има мошне опсежна скала. Единицата со која се изразува тврдоста се нарекува Викерсов пирамидален број (HV) или дијаматска пирамидална тврдост (DPH). Овој број може да се претвори во паскали, иако самиот не е истоветен на притисокот, кој исто така се изразува со оваа единица. Бројот на тврдоста се определува од натисокот врз површината на вдлабнатината, а не местото нормално на силата, и затоа не изразува притисок.
Испитувањето е осмислено во 1921 г. од инженерите Роберт Смит и Џорџ Сендленд во британското претпријатие „Викерс“ како алтернатива на Бринеловиот метод.
Примена
уредиПредвидено е обликот на втиснувачот да може да прави геометриски слични втисоци, без оглед на големината; втисокот треба да има јасно утврдени мерни точки, а пак втиснувачот треба да биде многу отпорен на изобличување. За таа цел е избран дијамант во облик на пирамида со правоаголна основа. Пронајдено е дека идеалната големина на втисокот по Бринеловиот метод е 3⁄8 од пречникот на топката. Аголот на втиснувачот е одреден според двете тангенти на кружницата околу тетива 3d/8 кои се сечат под агол од 136°, што дава агол од 22° кон хотизонталната рамнина за секоја страна. По пробен пат е утврдено дека овој агол дава постојано ист исход, при каков било натисок.[2] HV-бројот се одредува по соодносот F/A, каде F е силата применета врз дијамантот во килопонди, а A е површината на добиената вдлабнатина во квадратни милиметри. A се добива со формулата.
кое, пресметајќи го синусот, приближно дава,
каде d е просечната должина на дијагоналата во втисокот, во милиметри. Оттука,[3]
- ,
каде F е во килопонди (kp или кп), а d е во милиметри.
Соодветните единици за HV се килопонди на квадратен милиметар (кп/мм2). За да се пресмета бројот по СИ-единици, применетата сила се претвора од њутни во килопонди делејќи ја со 9,806 65 (стандардна тежа). СО ова ја добивамеравенката:[4]
каде F е во N, а d е во милиметри.
Викерсовиот број се претвора во СИ-единици со множење на килопондите на квадратен милиметар (кп/мм2) со стандардната тежа (9,806 65). Тоа ни ја дава тврдоста во мегапаскали (MPa или N/мм2), што потоа се дели на 1000 за да добиеме гигапаскали (GPa).
Твроста по Викерс се бележи во обликот xxxHVyy (на пр. 440HV30) или со xxxHVyy/zz ако времетраењето на стисокот не е 10 до 15 секунди. Пример би било 440HV30/20, каде:
- 440 е бројот на тврдоста,
- HV е скалата (Викерс),
- 30 е натисокот во килопонди.
- 20 е траењето на стисокот, доколку не е 10 до 15 секунди
Вредностите не зависат од тоа колку сила се применува брз материјалот и излегуваат исто како за 500 грама-сила, така и за 50 килограми-сила, под услов натисокот да има барем 200 грама-сила.[5]
Материјал | Вредност |
---|---|
Не’рѓосувачки челик 316L | 140HV30 |
Не’рѓосувачки челик 347L | 180HV30 |
Јаглероден челик | 55–120HV5 |
Железо | 30–80HV5 |
Мартензит | 1000HV |
Дијамант | 10000HV |
Напомени
уредиПримероците за испитување треба да бидат со дебелина барем 2,5 пати од пречникот на предвидената вдлабнатина, во спротивно се јавува мешање на подлогата. Доколку нема друг избор, се намалува длабочината на втисокот, и тоа:
Водно, постои стандард за растојание од еден до друг втисок, со цел да се избегне влијание изменетата околна површина.
Проценување на затезна цврстина
уредиДоколку HV е изразен во кг/мм2, тогаш јачината на попуштање на материјалот (во MPa) може да се добие според σu ≈ HV×c ≈ HV/0,3, каде c е неменливо (обично од 2 до 4), предодреднео од геометриски чинители.[7]
Стандарди
уреди- МКС 6507-1:2009: Метални материјали - Испитување на тврдост по Викерс - Дел 1: Метод на испитување[мртва врска] (истоветно на EN ISO 6506-1:2014)
- МКС 6507-2:2009: Метални материјали - Испитување на тврдост по Викерс - Дел 2: Верификација и калибрација на машините за испитување[мртва врска] (истоветно на EN ISO 6506-2:2014)
- МКС 6507-3:2009: Метални материјали - Испитување на тврдост по Викерс - Дел 3: Калибрација на референтните блокови[мртва врска] (истоветно на EN ISO 6506-3:2014)
- МКС 6507-4:2009: Метални материјали - Испитување на тврдост по Викерс - Дел 4: Табели со вредности за тврдина[мртва врска] (истоветно на EN ISO 6506-4:2014)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ R.L. Smith & G.E. Sandland, "An Accurate Method of Determining the Hardness of Metals, with Particular Reference to Those of a High Degree of Hardness," Proceedings of the Institution of Mechanical Engineers, Vol. I, 1922, p 623–641.
- ↑ The Vickers Hardness Testing Machine Архивирано на 23 октомври 2016 г.. UKcalibrations.co.uk. посет. 3 јуни 2016 г.
- ↑ ASTM E384-10e2
- ↑ ISO 6507-1:2005(E)
- ↑ Vickers Test Архивирано на 21 октомври 2014 г.. Instron.
- ↑ Smithells Metals Reference Book, 8th Edition, ch. 22
- ↑ „Hardness“. matter.org.uk.
Надворешни врски
уреди- Испробување на тврдоста по Викерс — YouTube
- Таблица за претворање на тврдости — Викерс, Бринел и Роквел