Твор
Твор[1] (латински: Putorius putorius L.) — животно кое спаѓа во класата цицачи, ред месојади - ѕверови.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/98/Mustela_putorius-1.jpg/220px-Mustela_putorius-1.jpg)
Распространетост
уредиРаспространет е низ целиот Балкан. Како и лисицата[2], се задоволува со секое живеалиште на кое наоѓа доволно храна. Од овие причини еднакво се среќава како во планинските така и во рамничарските подрачја. За време на зимскиот период, гоплем број женки се населуваат во близина на човечки населби, а не е редок случај да се здружуваат и по одделни стопански згради, купишта од гранки и слично.
Исхрана
уредиДење мирува во своето легло, а храна бара ноќно време. Творот е мошне крволочен и убива многу повеќе отколку што може да изеде, бидејќи сака да пие крв.
Изглед
уредиБојата му е темно-костенлива. Може да израсне во должина до 40 см. и 500-1200 гр. во тежина. На задникот, покрај шупокот, има две жлезди кои лачат материја со многу непријатна миризба. Со исфрлањето на оваа смрдеа, творот, кога е во опасност, настојува да го одбие непријателот.
Размножување
уредиСе пари од март до јули, а млади се наоѓаат од април па сè до август, според кое може да се заклучи дека творот се пари еднаш или двапати годишно. Женката носи околу 40 дена и раѓа од 4 до 9 млади.
Наводи
уреди- ↑ „твор“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври 1978