Тајфун Хаијан
Тајфун Хаијан (меѓународен код: 1330, шифра JTWC: 31 W, тајфун Јоланда на Филипините) — 35-ти тропски циклон во сезоната на урагани во 2013 година во северозападниот дел на Тихиот Океан и дванаесеттиот што го достигнал прагот на тајфун. Името Хаијан (海燕) доаѓа од списокот доставен до СМО од земјите што граничат со брегот на Тихиот Океан, во овој случај Народна Република Кина, и значи „буревесник“.[1][2] Ветровите на овој супер тајфун, еквивалентен на ураган од петта категорија според од Сафир-Симпсоновата скала, достигнале брзини од 230 км/ч за десет минути и 315 км/ч во текот на една минута.[3] Се смета за најсилниот тајфун во сезоната во оваа област на земјината топка и еден од најнасилните досега.
Бил создаден како тропска бура западно од Маршалските Острови и класифициран како тајфун додека минувал над Сојузните Држави на Микронезија, а потоа се упатил на запад-северозапад. Неговата патека го води над Палау, Филипините, Виетнам, Лаос и Јужна Кина. Привремениот извештај од 15 ноември 2013 покажува повеќе од 4.000 мртви регистрирани од страна на филипинската влада и десетици илјади луѓе кои страдаат од глад, мораат да пијат небезбедна вода и без засолниште.[4]
Оваа проценка се одвивала тешко заради огромните преостанати проблеми во комуникациите. На 22 ноември, бројот на жртви се искачил на 10.000, а 1.611 исчезнати.[5] На 30 ноември, Националниот совет за намалување и управување со природни катастрофи (NDRRMC) објавил 5.632 мртви и 1.759 исчезнати.[6] На 14 јануари, бројките се искачиле на 6.202 мртви, 28.626 повредени и 1.785 исчезнати.[7]
Името Хаијан било изземено од списоците со имиња што може да се користат во иднина за тропски циклон од страна на Светската метеоролошка организација на состанокот на 25 февруари 2014. Комитетот за тропски циклони утврдил дека името повеќе не треба да се користи во ротирачкиот список по штетата и загубата на човечки животи што ги нанел.[8]
Наводи
уреди- ↑ „Tropical cyclone names“ (англиски). National Weather Service. 11 novembre 2013. Посетено на 18 мај 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help). - ↑ „The meaning of new tropical cyclone names in 2004“ (англиски). Hong Kong Observatory. 2003. Посетено на 14 февруари 2024..
- ↑ „Prognostic Reasoning for Super Typhoon 31W (Haiyan) Nr 19“ (англиски). 7 novembre 2013. Архивирано од изворникот на 2013-11-08. Посетено на 22 décembre 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help). - ↑ „Les dégâts du cyclone Haiyan au Philippines“. 15 novembre 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 17 novembre 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help). - ↑ [1].
- ↑ „Philippines: le bilan des victimes du typhon Haiyan grimpe à 5.632 morts“ (француски). 1 décembre 2013. Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 1 јануари 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help). - ↑ NDRRMC update on Yolanda effects
- ↑ Typhoon Committee (25 février 2014). „Typhoon Committee acts on Haiyan“ (англиски). Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Посетено на 25 ноември 2014. Text "archive-date-2014-02-25" ignored (help); Занемарен непознатиот параметар|dead-url=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help).