Тајни здруженија е термин кој се користи за да се опишат разни организации. Иако буквалното значење на овој термин се оспорува, неколку од дефинициите укажуваат на тајност и тајно знаење, што може да вклучува негирање на членството во таквата група, негативни последици за откривање на имиња на членовите, силни врски меѓу членовите, како и обреди и ритуали на кои не е дозволено да присуствуваат оние кои не се членови.

Згради на тајното друштво Њу Хевен

Дефинирање

уреди

Терминот „тајни здруженија“ се користи за да опише братска организација која има тајни церемонии, а овде спаѓаат од безопасните факултетски организации до легендарните организации опишани во теоријата на заговор како неизмерно моќни, со своја финансиска или политичка агенда, и често со верување во Луцифер.
Алан Акселрод (Alan Axelrod), авторот на „Интернационална енциклопедија на тајни здруженија и братски редови“, ги дефинира тајните здруженија како:

  • Организацијата е тешко пристапна
  • Тврди дека поседува посебни тајни
  • Покажува голема наклонетост во своја корист

Дејвид Барет (David V. Barrett), авторот на „Тајните здруженија: од древни и тајни до модерни и тајни“, користи за нијанса поинакви термини за да дефинира што го квалификува едно тајно здружение. Тој го дефинира како било која група која ги има следниве одлики:

  • Има „внимателно класифицирани и напредни учења“
  • Учењата се „достапни само за одбрани поединци“
  • Учењата водат до „скриени (и единствени) вистини“
  • Вистините носат „лична полза, дури и сфаќање за неупатените“.

Барет понатаму вели дека заедничко за повеќето тајни здруженија е практикувањето на ритуали кои не е дозволено да ги видат не-членовите, или дури и да знаат за нив. Но, оваа дефиниција на Барет исфрла надвор од списокот многу организации кои се нарекуваат тајни здруженија.

Заклетва

уреди

Повеќето здруженија бараат од членовите да се заколнат на членството. Дел од заклетвата може да содржи ветување да се поддржува здружението, да се чува неговото постоење во тајност, а членовите да не признаваат јавно дека се членови на тоа здружение. Некои здруженија имаат одредено казни за непочитување на заклетвата.

Политика

уреди

Бидејќи некои здруженија имаат политички цели, тие се нелегални во повеќе држави. Во Полска постои забрана за тајни политички партии и политички здруженија.

Колеџ и Универзитет

уреди

Многу студентски здруженија кои се формирани во студентските градови во САД се декларираат како тајни здруженија. Едни од најстарите се „Клубот на рамните шешири“ (Flat Hat Club - F.H.C.), основан во 1750 година, и „Фи Бета Капа“ (Phi Beta Kappa), основан во 1776 година, и двете на Колеџот Вилијам и Мери. Најпознатиот член на клубот F.H.C. бил Томас Џеферсон, третиот претседател на САД. Можеби најпрочуено тајно здружение е „Череп и Коски“ (Skull and Bones) на универзитетот Јеил, чии членови биле и двајцата претседатели на САД Буш, како и сенаторот Џон Кери.

Групи за кои е спорно дали се „тајни здруженија“

уреди

Терминот „тајни здруженија“ може да вклучува и криминални организации, како што се Тријадите, Јакуза или Коза ностра.

Од друга страна, пак, Агенцијата за национална безбедност на САД (National Security Agency – NSA) според описот е тајно здружение, затоа што долги години самото постоење на оваа агенција било тајна, како и буџетот за неа. Во раните 1990-ти години ЦИА имаше мрежно место, но НСА не. Но и ова е изменето: веќе неколку години НСА има свое мрежно место, а за активностите во оваа агенција се дискутира во Конгресот и во медиумите. Само деталите на нејзините активности остануваат врвна тајна.

Наводи

уреди
  • Heckethorn, Charles William (1997). The secret societies of all ages and countries, embracing the mysteries of ancient India, China, Japan, Egypt, Mexico, Peru, Greece, and Scandinavia, the Cabbalists, early Christians, heretics, Assassins, Thugs, Templars, the Vehm and Inquisition, mystics, Rosicrucians, Illuminati, Freemasons, Skopzi, Camorristi, Carbonari, nihilists, and other sects. Kessinger Publishing. ISBN 1-56459-296-0.
  • Whalen, William Joseph (1966). Handbook of secret organizations. Milwaukee: Bruce Pub. Co.
  • Axelrod, Alan (1997). The international encyclopedia of secret societies and fraternal orders. New York: Facts on File. ISBN 0-8160-2307-7.
  • Roberts, J. M. (John Morris) (1972). The mythology of the secret societies. New York: Scribner. ISBN 0-684-12904-3.
  • Robbins, Alexandra (2004). Pledged: the secret life of sororities. New York: Hyperion. ISBN 0-7868-8859-8.

Надворешни врски

уреди