Тахир Куреши
Тахир Куреши Човек на мангровите или херој на мангровите на Пакистан (1946-2020 урду بابائے مینگروز پاکستان)[2] бил висок пакистански екологист и експерт за крајбрежен екосистем во Меѓународниот сојуз за заштита на природата IUCN, кој целиот свој живот го посветил на зачувување и проширување на мангрови дрвја во пакистанските мангрови шуми на делтата на реката Инд - Арапско Море, и други крајбрежни области. Тахир Куреши одиграл клучна улога во рехабилитацијата на повеќе од 30.000 хектари мангрови шуми во Синд и Балучистан.[3] Меѓународниот сојуз за зачувување на природата му ја доделил титулата Херој на мангровите.[4][5][6][7][8]
Мухамад Тахир Куреши | |
---|---|
Роден(а) | 1946 |
Починал(а) | 29 декември 2020[1] |
Националност | Пакистанец |
Работодавач | Министерство за климатски промени (Пакистан) Влада на Пакистан шумар |
Познат(а) по | Екологист, херој на мангровите |
Улога за животната средина
уредиТахир Куреши рехабилитирал повеќе од 30.000 хектари мангрови шуми во Синд и Балучистан.[9] Меѓународниот сојуз за зачувување на природата му ја доделил титулата Херој на мангровите.[10] На 22 јуни 2013 година, Одделот за шуми во Синд, Пакистан, Тахир Куреши и 300 локални крајбрежни доброволци го поставиле Гинисовиот рекорд со засадување 541.176 садници од мангрови во Харо Чан, Тата, Синд, Пакистан за нешто повеќе од 12 часа. Ова е најголем број на садници засадени во рок од еден ден запишан во Гинисовата категорија на рекорди „Максимален број на засадени дрвја во еден ден“.[11]
Личен живот
уредиСемејството на Тахир Куреши мигрирало од британска Индија во Шикарпур Синд Пакистан. Тој магистрирал зоологија,а потоа на академијата за шуми во Пешавар дипломирал шумарство. Починал на 29 декември 2020 година во Карачи Пакистан на 74-годишна возраст.[12]
Наводи
уреди- ↑ „Environmentalist's demise condoled“.
- ↑ „'Father of Mangroves' fights for Pakistan's forests“. 10 November 2011.
- ↑ „KARACHI: Importance of mangrove forests highlighted“. DAWN.COM (англиски). 2001-10-07. Посетено на 2020-12-30.
- ↑ Hub, IISD's SDG Knowledge. „IUCN April Newsletter Highlights Heroes of Conservation | News | SDG Knowledge Hub | IISD“ (англиски). Посетено на 2020-12-30.
- ↑ „IUCN Pakistan celebrates the World Wetlands Day, calls for Greater focus on Coastal Communities“. IUCN (англиски). 2019-02-04. Посетено на 2020-12-30.
- ↑ „1mile² Karachi“. Visiting Arts. Архивирано од изворникот на 2024-08-31. Посетено на 2020-12-30.
- ↑ „Losing Sanctuary“. Atavist (англиски). 2017-12-25. Посетено на 2020-12-30.[мртва врска]
- ↑ Foundation, Thomson Reuters. „Pakistan's mangrove restoration efforts called into question“. news.trust.org. Посетено на 2020-12-30.
- ↑ „KARACHI: Importance of mangrove forests highlighted“. DAWN.COM (англиски). 2001-10-07. Посетено на 2020-12-30.
- ↑ „IUCN April Newsletter Highlights Heroes of Conservation | News | SDG Knowledge Hub | IISD“.
- ↑ „Guinness World Record certifies Pakistan now holds the record for most trees planted in a 24 hr. period“. IUCN (англиски). 2009-07-18. Посетено на 2020-12-30.
- ↑ „پاکستان کے 'بابائے مینگرووز' کون تھے؟“. BBC News اردو (урду). Посетено на 2020-12-30.