Танц во град
Танц во град ― слика на францускиот уметник Пјер Огист Реноар.[1] Делото од 1883 година е во збирката на Музејот Орсе.[2] Танчери се моделот и уметник Сузан Валадон и пријателот на Реноар, Пол Огист Лот.[3]
Творец | Пјер Огист Реноар |
---|---|
Година | 1883 |
Вид | Маслена слика на платно |
Место | Музеј Орсе, Париз |
Ова дело, заедно со придружните парчиња „Танц во село“ и „Танц во Буживал“, е произведено по нарачка на трговецот со уметности Пол Дуранд-Руел. Сите три биле насликани во 1883 година, на кои имало две лица кои танцуваат во различни средини (иако жената во „Танц во село“ е моделирана од Алин Шариго, подоцна сопругата на Реноар).[4]
-
Танц во село, 1883 година -
Танц во Буживал, 1883 година
Наводи
уреди- ↑ Peter Schjeldahl (7 февруари 2012). „Renoir at The Frick: Go See "Dance at Bougival"“. The New Yorker. Condé Nast. Посетено на 21 јануари 2021.
- ↑ „Pierre Auguste Renoir: City Dance, Country Dance“. Музеј Орсе. 2006. Посетено на 21 јануари 2021.
- ↑ Sebastian Smee (18 мај 2012). „At MFA, dancing the night away in the arms of Renoir“. The Boston Globe. Посетено на 24 јануари 2015.
- ↑ „Dance in the City by Pierre Auguste Renoir“. Painting-Planet. Посетено на 21 јануари 2021.