Талкач над морето од магла

(Пренасочено од Талкач над маглата)

„Талкач над морето од магла“ (герм. Der Wanderer über dem Nebelmeer) — слика од германскиот романтистички сликар Каспар Давид Фридрих, насликана во 1818 г.

Талкач над морето од магла
Творец Каспар Давид Фридрих
Година 1818
Вид Масло на платно
Димензии 94,8 см × 74,8 см
Место Ликовна галерија Хамбург

Опис

уреди

На делото е прикажан човек, веројатно самиот Фридрих, како стои на врвот на една висока планина, свртен со грб кон посматрачот—чест мотив во делата на Фридрих—и гледа во големо маглиште. Над површината на маглата се издаваат врвови и други планини, а пак во позадината се гледа огромен планински венец. На горната половина на сликата доминира големата небесна шир над високите планини.

Сликата е составена од различни елементи од Лапските Песочни Планини во Саксонија и Чешка, скицирани надвор, но реаранжирани во студио за на сликата од раката на самиот уметник, во согласност со неговата вообичаена практика. Во десниот дел од позадината може да се забележи платото Циркелштајн. Планината во левиот дел на позадината е или Розенберг или Калтенберг. Групата карпи пред неа го претставуваат Гамриг близу Ратен. Карпите врз кои стои талкачот се група карти на Кајзеркроне.[1]

Осврт

уреди
 
Варовните карпи на Риген“ (1818), Музеј Оскар Рајнхарт во Штатгартен, Винтертур, Швајцарија

„Талкач над морето од магла“ е вистинска романтистичка слика, која впечатливо зборува за човештвото и просветувањето на личноста. Иако прикажаниот човек стои на врвор на висока планина, тој носи формален костум кој бил типична облека на еден филозоф во времето на Фридрих.

Заинтересираноста на Фридрих за природата е е очигледна од неговите дела. Ваков пример е „Варовните карпи на Риген“ (1818), на која е прикажан човек како стои, и жена како седи; обајцата гледаат, додека пак трет човек клечи и гледа преку работ на огромната стрмна падина која се издига од бескрајниот океан. Друг ваков пример е сликата „Море од мраз“, на која на преден план е прикажан голем куп од огромни скршеници мраз, кои потсетуваат на рушевини, со многубројни слични купови во средината и во позадината расфрлени по замрзнатиот пејзаж.

Наводи

уреди
  1. K.-L. Hoch:Caspar David Friedrich und die böhmischen Berge. Дрезден 1987

Надворешни врски

уреди
  • „Каспар Давид Фридрих - „Талкач над маглата". Архивирано од изворникот на 2017-04-29. Посетено на 2009-01-10. (англиски)
  • Скици за сликата Архивирано на 28 септември 2007 г. (германски)