Такси блуз
„Такси блуз“ (руски: Такси-блюз) — филм на режисерот Павел Лунгин. Главните улоги ги играат: Пјотр Мамонов, Пјотр Зајченко и Владимир Кашпур.[1]
Синопсис
уредиШљуков е типичен московски таксист, навикнал да живее во комунизмот. Љоша е саксофонист кој себеси се нарекува гениј и тврди дека може да разговара со Бога. На почетокот, тие не се поднесуваат меѓусебно. На Шљуков му се гадат луѓето како Љоша, кои ги смета за неодговорни мрзливци кои само пијат и се дрогираат. Љоша пак ги презира обичните луѓе како Шљуков. Со текот на времето, меѓу нив се развива пријателство...