Такс (англиски: Tux), познат и како Пингвинот Такс е официјалната маскота на Линукс јадрото.

Потекло

уреди

Концептот за линукс маскота бил предложен од Линус Торвалдс, авторот на Линукс. Такс бил направен од Лери Евинг во 1996, по првичен предлог на Алан Кокс. Првата личност која го нарекла пингвинот „Такс“ била Џемјс Хјуз, според кого тоа значи „(T)orvalds (U)ni(X)". Тукс бил дизајниран за натпревар за Линукс лого. Збунувачки, имало три паралелни натпревари и Такс не победил на ниеден од нив. Ова е причината зошто Такс се наведува како маскота, а не лого. Слики од некои од другите предлози можат да се најдат на оваа страница. Такс бил направен од Лери Евинг користејќи ГИМП (слободен софтвер за графика) и бил издаден под следните услови

Permission to use and/or modify this image is granted provided you acknowledge me lewing@isc.tamu.edu and The GIMP if someone asks.

Такс стана икона за Линукс и СС организациите, а една Британска Линукс корисничка група посвоила жив Африкански Пингвин во Бристолската зоолошка градина по повод еден Торвалдсов роденден.

Употреба

уреди

Такс е ѕвезда во многу игри, вклучувајќи го и Tux Racer, во кој корисникот го води Такс низ различни ледени ридови на неговиот стомак, пробувајќи да фати харинги и да ја достигне временската граница.

Во некои линукс дистрибуции, Такс го поздравува корисникот за време на подигање на системот, а кај повеќе-обработувачкките системи се прикажуваат повеќе такс-ови.

Благодарност до Такс

уреди

Во филмот Мадагаскар, пингвините кажуваат свој коментар за сцените. Кога Прајват се мачи со користењето на еден компјутер, Скипер му коментира „Ми кажа дека знаеш Линукс, Прајват!“