Тазер
Тазер (англиски: Taser) е електрошоково оружје односно оружје кое предизвикува нервомускулна неспособност. Оваа оружје пука две мали електроди во вид на стрела кои остануваат поврзани со главната единица преку проводницитe. Секој што е погоден од тазер доживува силна болка и над-стимулација на сетилните и моторните нерви што резултира со силни мускулни контракции. Тазерот се смета за не-смртоносно оружје и се користи од полицијата против бегалци од законот или лица кои одбиваат да се предадат на полицијата со тоа што се закануваат со ладни оружја или вербално дека ќе ги нападнат.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |