ТЕКО ТВ
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Првата приватна телевизија во Македонија (и во поранешна Југославија) беше формирана во Штип од г. Миле Кокотов во 1989 година. Оваа приватна телевизија беше наречена „ТЕКО ТВ“ но, денес повеќе не постои.
ТЕКО ТВ како прво приватно јавно гласило (прв приватен електронски медиум) беше многу популарен на крајот од осумдесеттите и раните деведесетти години од минатиот век. Тоа е периодот кога во Македонија имаше само два ТВ канали од државната Македонска телевизија и две радио програми од Македонското радио. Беше вистинско освежување во оваа област и предвесник на голем број на приватни електронски и печатени медиуми кои за неколку години достигнаа 300 на број.
Во тој период Македонија, според бројот на приватни ТВ станици во однос на бројот на жители беше прва во Европа.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |