Сурово железо
Сурово железо ― сите легури на железо и јаглерод кои содржат повеќе од 2,14% јаглерод.[1] Тоа е полупроизвод при производството на челик кој се добива со топење на железна руда во висока печка. Затоа што се добива директно со редукција на рудата, суровото железо е примарна легура.[1] Во својот состав суровото железо содржи висока количина на јаглерод, обично од 3,8% до 4,7%,[2] кој заедно со силициум диоксидот и другите нечистотии го прави многу кршливо и освен во одредени случаи не може да се употребува директно како материјал.[3]
Калапите кои се користат за инготи од сурово железо имаат облик на разгранета структура формирана во песок, а одделни инготи се под прав агол [4] од централниот канал, што личи на група прасиња кои ги дои свиња. Бидејќи суровото железо треба повторно да се топи, несразмерната големина на инготите и малата количина песок во нив предизвикуваат незначителни проблеми со оглед на леснотијата на леење и ракување со нив.
Историја
уредиТопењето и производството на ковано железо се практикувало во Древна Европа и на Блискиот Исток, но се произведувало во грно со директна редукција. Грното е јама обложена со глина и поставена на места каде има природно струење на воздухот.[5]
Во Европа суровото железо почнало да се произведува во средниот век. Кинезите правеле сурово железо за време на династијата Џоу (која завршила 256 година п.н.е.).
Видови сурови железо
уредиТрадиционално, од суровото железо се правело ковано железо во грно, подоцна во пудлинг печки, а од неодамна се прави и челик.[6]
Врз основа на хемискиот состав и начинот на подготовка суровото железо може да се подели на:
- Бело железо - кај ова железо јаглеродот не е во цврст раствор со железото и е издвоен во вид на железен карбид (цементит).
- Сиво сурово железо - јаглеродот кој не е во цврст раствор со железото делумно е издвоен како графит и делумно како цементит (што зависи од брзината на ладењето).
- Мелирано железо - кое е премин од бело во сиво железо. Тоа се постигнува со регулирање на содржината на силициум и со брзината на ладење.
- Специјално железо - легирано железо кое содржи поголема количина силициум, манган или други елементи кои се додаваат за подобрување на својствата на железото.
- Нисколегирано специјално железо - не содржат повеќе од 5% други елементи
- Високолегирано специјално железо - со поголема количина на легирани елементи која може да надмине и 10%.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Начевски, Никола; Митровски, Иван (2013). Технологија на производство на метали. Скопје: Министерство за образование и наука за Република Македонија. стр. 53. ISBN 978-608-226-372-4.
- ↑ Camp, James McIntyre; Francis, Charles Blaine (1920). The Making, Shaping and Treating of Steel (2. изд.). Pittsburgh: Carnegie Steel Co. стр. 174. OCLC 2566055.
- ↑ SAMUEL THOMAS (September 1899). „REMINISCENCES OF THE EARLY ANTHRACITE-IRON INDUSTRY“. TRANSACTIONS OF THE AMERICAN INSTITUTE OF MINING ENGINEERS (reprint by TheHopkinThomasProject.com). Архивирано од изворникот на 14 March 2014. Посетено на 5 December 2016.
- ↑ Glossary of Metalworking Terms. Industrial Press. 2003. стр. 297. ISBN 9780831131289. Архивирано од изворникот на 2017-02-24.
- ↑ Начевски, Никола; Митровски, Иван (2013). Технологија за производство на метали. Скопје: Министерство за образование и наука за Република Македонија. стр. 35. ISBN 978-608-226-372-4.
- ↑ R. F. Tylecote, A history of metallurgy (2nd edition, Institute of Materials, London, 1992).