Сурла (маглина)
Сурла — концентрација од меѓуѕвезден гас и прашина во рамките на многу поголемото јонизирано гасовито подрачје IC 1396 во соѕвездието Кефеј на далечина од 2.400 светлосни години од Земјата.[1] Овој дел од маглината е темната густа грутка IC 1396A наречена „Сурла“ бидејќи посетува на слоновска сурла на видливи бранови должини. Светлиот раб на површината на осветлениот густ облак е јонизирана од многу сјајна масивна ѕвезда (HD 206267), сместена веднаш на исток од IC 1396A. Целото подрачје IC 1396 е јонизирано од масивната ѕвезда освен густите грутки кои се заштитени од жестоките ултравиолетови зраци на ѕвездата.
оддавна маглина | |
---|---|
Слика на маглината направена од „Спицер“ | |
Податоци од набљудување | |
Оддалеченост | 2.400 сг |
Соѕвездие | Кефеј |
Поврзано: Списоци на маглини |
Денес маглината Сурла се смета за ѕвездородно подрачје, и содржи неколку многу млади (помалку од 100.000 сг) ѕвезди откриени на индрацрвени слики во 2003 г. Во кружната шуплина на главата од грутката има две постари (но сепак млади) ѕвезди. Ветриштата од овие млади ѕвезди може да се одговорни за празнењето на шуплината.
Здруженото дејство на светлината од масивната ѕвезда која го јонизира и збива работ на облакот и ветерот од младите ѕвезди кои го туркаат гасот нанадвор водат до мошне голема збиеност на маглината. Овој притисок е причинител за денешното поклоение на протоѕвезди.[2][3]
Галерија
уреди-
Слика во класична Хаблова палета (Ha/OIII/SII)
-
Сликано во водород-алфа
-
Сликано во водород-алфа и кислород
-
Изменета Хаблова палета Ha+OIII+SII
-
Широк поглед на маглината IC1396 во Хаблова палета SHO
-
Маглината одблиску
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Matthews, HI (1979). „High resolution radio observations of bright rims in IC 1396“. Astronomy and Astrophysics. 75: 345–50. Bibcode:1979A&A....75..345M.
- ↑ Barentsen, G (2011). „T Tauri candidates and accretion rates using IPHAS: method and application to IC1396“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 415 (1): 103–32. arXiv:1103.1646. Bibcode:2011MNRAS.415..103B. doi:10.1111/j.1365-2966.2011.18674.x. S2CID 27173042.
- ↑ Getman, KV; Feigelson, ED; Sicilia-Aguilar, A; Broos, PS; Kuhn, MA; Garmire, GP (2012). „The Elephant Trunk Nebula and the Trumpler 37 cluster: contribution of triggered star formation to the total population of an H II region“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 426 (4): 2917–43. arXiv:1208.1471. Bibcode:2012MNRAS.426.2917G. doi:10.1111/j.1365-2966.2012.21879.x. S2CID 49528100.
Надворешни врски
уреди„Сурла (маглина)“ на Ризницата ? |
- Доловување на ѕвездите. Астрофотографија на мајсторите IC 1396A. Telegraph.co.uk (англиски)
- Маглината Сурла во IC1396. Астрофотографија Пол Бескин (англиски)
- IC 1396 во лажни бои. Астрофотографија Расел Кроман (англиски)
- IC 1396 во изменет SHO. Ричард Пети (англиски)