Поткултура

(Пренасочено од Супкултура)

Поткултура (супкултура) е збир на норми, вредности и образци на однесување кои разликуваат една група луѓе од културата на пошироката заедница во која припаѓаат. Поткултура е посебен, релативно затворен сегмент на општата култура. За сите припадници на одредена поткултура заедничко е членовите да делат исти уверувања, обичаи, вредности, а често и начин на облекување, исхрана, однесување и морални норми.

Во втората половина на 1960-тите години се појавиле многу опшстествени движења, а заедно со нив многу поткултури чие заедничко име е контракултура. Првите кои го проучувале поимот поткултура во социологијата биле припадници на Чикашката школа.

Зборувајќи за поткултури најчесто се зборува за поткултури на младите. Музиката има голема улога во појавувањето на поткултурни групи, и младински поткултури обично се дефинираат во однос на музиката. Членови на поткултурни групи меѓусебно се разликуваат, освен по ставови и цели, и по изглед, надворешни обележја и занимливости. Некои од најпознатите младински поткултури се: хипици, скинси, металци, панкери итн.

Однос на поткултурата и доминантната култура може да биде:

Одлики на поткултурните групи се:

  • Самоорганизирање
  • Заеднички занимливости
  • Карактеристичен назив
  • Релативна трајност
  • Возраст (младина)
  • Непрописни улоги и начин на однесување

Поврзано

уреди