Супер 8 филмска камера
Супер 8мм камера (или Супер 8 филмска камера) — движечка камера која што е специјално произведена за да го користи Супер 8мм форматот на сликите во движење. Супер 8мм филм камерите за првпат се произведени во 1965 година од стана на Кодак за нивниот ново воведен аматерски филмски формат, кој го заменил Сатандардниот 8мм филм формат. Производството продолжува сè до популарноста на видеокамерите во средината на 1970-тите. Во 2014 година првата нова Супер 8мм камера во последните 30 гидини беше воведена од страна на данската компанија Логмар Камера Солушнс. Сите други камери лесно достапни се од 1960-тите и 1980-тите.
Супер 8мм камери
уредиПрвата форматирана камера за новиот филм беше Кодак М2. Во текот на 1960 година форматирањето на камерите постоеше само за филмови на 18рамки во секунда, но со развојот на технологијата, брзините како што се 24 рамки/секунда (стандардна движечка- слика) и побрза брзина (за бавно- движечко снимање) се вградени во механиката на камерата.
Супер 8мм филм
уредиСупер 8мм филм камерите немаат целосна потреба да ги користат Супер 8мм филм произведен од Кодак, но другите филм формати произведени од компании како Фујифилм и независните (во форма на ре-спакуван филм) се компатибилни. Единствената разлика во филмовите е кертриџ кој се користи за да го вметнете во камерата. Сите должини на филмот се продаваат од 50 стапки (15 м) должина. Кодак произведуваат 200 стапки (61 м) и звучни касети. Повеќето формати се диапозитив филм (за едноставна проекција), но некои негативни формати биле произведени.
Во 1965 година, оригиналната издадена емулзија од Кодак беше Кадахром II филм во боја. Сепак, во 2005 година, Кодак објави дека ќе го запре производството на Кодахром форматите. Прекинот се должи на К-14 чекорите за развој што биле употребени. Денес, Кодак Супер 8мм филм касетите се продаваат или како Ектахром негатив филмови во боја, Три-Х црна и бела боја негатив филм или Визија 3 боја негативен филм (во 200 ISO и 500 ISO брзини). Фуџи Велвиа 50 и голем број на други формати се исто така достапни.
Супер 8мм брендови
уредиМногу компании произведуваат апарати и опрема за употреба на формат. Многу познати брендови како што се Кодак, Канон и Агфа прават камери, проектори и формати за употреба со камери.
Список на произведители на камерата
уредиЗабелешка: Многу компании (како Кмарт фокусен опсег) користат ре-брендирани производи, тие не се вклучени во листата.[1]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Kodak Super 8mm Resources Архивирано на 12 мај 2007 г.
- Kodak Super 8mm Film Stocks Архивирано на 3 ноември 2007 г.
- Super 8mm information and advice Архивирано на 9 април 2014 г.
- United States Super 8mm Film & Digital Video Festival.
- Super-8 Filmmaking in the Digital Age
- Cinematography.com Super 8mm Forum Архивирано на 22 октомври 2008 г.
- Technical data on Kodachrome 40 movie film Архивирано на 24 јули 2011 г.
- Super 8 camera - DIY processing, cameras and film stock]
- Virtuelles Schmalfilm-Apparate-Museum - a German Movie Camera Museum
- The Super 8 mm wiki - provides technical specifications on Super 8 mm items and other format products.