Супер Смешка –списание за деца
Супер Смешка е илустрирано списание за деца од предучилишна возраст кое излегува еднаш месечно од септември до јуни на македонски јазик.
Историја
уредиПрвото издание на Супер Смешка било издадено во септември 2016 година[1] во издание на ЕДУКА МАК ДОО Скопје. Изданието се издава 10 месеци односно од септември до јуни во тековната година.
Идеен творец на списанието, како и уредувањето, концепцијата и обликување на истото е на м-р Ели Маказлиева. Илустратор на списанието е Игор Јовчевски. Графичката и компјутерска обработка на списанието е на АРТ Деск од Скопје. Лектор на содржините во списанието Супер Смешка е проф. д-р Елизабета Бандиловска. Списанието за деца Супер Смешка го одобрува за печат Редакциски совет во ЕДУКА МАК, а се печати во печатницата „Европа 92“ - Кочани.
Списанието Супер Смешка е одобрено за употреба во детските градинки и во установите за деца во Република Македонија со Решение бр 11-5400/3 од 01.09.2016 година од страна на Министерот за труд и социјална политика на Република Македонија.
Она што е значајно во целото списание е дека ликот од насловната страница и името на тој лик Супер Смешка е според светските законитости за списание за деца единствен начин на создавање на ваков вид литература кој пак ненаметливо се појавува во сите содржини и дава чувство на сигурност и препознатливост во детските сфаќања и очекувања. Ликот на Супер Смешка е ведар, насмеан и мил. Супер Смешка со своите постапки има едукативен и забавен карактер и клучно е дека секогаш ги води децата кон позитивно однесување, како пример, носејќи корисна порака, што е многу битно за раниот развој на детето.
Списанието претставува своевидно дидактичко средство за реализација на програмски цели во установите за предшколска и рана школска возраст. Содржините кои се застапени се компатибилни со возраста на детето и стандардите за рано учење.
Супер Смешка- списанието за деца се печати во печатницата „Европа 92“ Кочани.
Ова илустрирано списание за деца ги содржи следните рубрики:
- Истражувалки
- Смешни игри
- Бонтон
- Цртанки-зборувалки
- Раскажувалки
- Вежбалки-свиралки
- Еколошка азбука
- Патувалки
- Празнувалки
- Раскажувалки
- Математички смешки без грешки
- Здрави навики
- Сонувалки
- Мини креативци
- Смешно стрипче или смешен лавиринт
- На средина содржи прилог
Технички карактеристики на списанието
уредиСписанието содржи околу 32 страници + прилог 4 страници и корица 4 страници или вкупно 40 колорни страници во формат 20 х 27 см.
- Формат: А4 (27 X 20)
- Обем: вкупно 40 колор страници и тоа:
- 34 колор стр. внатрешен дел (120 гр. Хартија), со + 4 стр. прилог на средина (170 гр. кунздрук - сјај) + 4 стр. корица (170 гр. Кунздрук сјај+лак).
Опис на содржините во списанието
уредиСУПЕР СМЕШКА е списание за деца со модерна концепција, структура, физиономија и содржина, докажано за користење кај децата и воспитувачите. Содржините во Супер Смешка се компатибилни со возраста на детето и стандардите за рано учење и развој, коишто се меѓусебно синхронизирани и интегрирани како значајна основа во процесот на развојот на детето од предучилишна возраст.
Илустративниот дел е најзначајната компонента на списанието кој пренесува посебна порака од визуелен код и има сознајна функција да ја отслика содржината, сообразена со возраста на детето. Илустрациите се создадени од афирмиран илустратор и целото списание е со ист илустраторски стил, што е концепциска законитост во создавањето на списанија за деца во светски рамки. Според најновите педагошки истражувања, хумористичните елементи во илустрациите за деца се она што децата сакаат. Научно е докажано дека илустрациите за децата со детски, весели и интензивни бои се привлечни за детето и скоро секоја отсликана ситуација претставува дејство и пренесува одредена порака.Тие имаат примарна улога во замена на текст што значи сликата зборува наместо текстот или го дополнува текстот, ги претставува поимите и доловува ситуациите, што се прикажани, а не само како декор или како компјутерски визуелни прилози што носат погрешни претстави за поимите.
1. Содржините се поделени во рубрики, меѓусебно интегрирани како значајна основа во процесот на развојот, својствени за возраста, меѓу кои постои комплементарна поврзаност и меѓусебна условеност на петте домени од развојот и повеќе индикатори поврзани со одредени субдомени од стандардите;
2. Во секоја рубрика се поддржува холистичкиот пристап како единствен во развојот;
3. Текстовите во списанието го стимулираат говорот и негуваат јазикот, ја развиваат меморијата, преку повторувањето на стихови или текстови (раскажување по слика) ТЕКСТОВИТЕ имаат едукативен и забавен карактер;
4. Супер Смешка е прв илустриран речник, прва детска игра која го поттикнува истражувачкиот дух, прва книга што игра огромна улога детето подобро да се снајде во секојдневната комуникација и да ги развива говорните вештини;
5. Илустрациите како најзначајната компонента ги следат светските законитости и се создавани од еден афирмиран илустратор за да се доловат претставите и поимите што ја отсликуваат содржината. Детето на 3 годишна возраст само „ЧИТА“ од нив, набљудува, опишува, раскажува. Детето од 4 години се интересира за содржината, сака некој да му чита повеќе пати, раскажува, бои. Детето од 5 години црта и може да воспостави врска меѓу деловите од сликата, меѓу серија на слики и да ги обедини во една целина. Детето од 6 години црта, бои, ги препознава буквите и се труди да чита и спојува целина;
6. Списанието содржи упатства, задачи, вежби што ги наведуваат децата да споредуваат, предвидуваат, заклучуваат, истражуваат. Тие овозможуваат голем степен на самостојност во работата на децата, но и потреба за комуникација со возрасните. Поврзани се со: јазик, математика, околина, музичко, ликовно, физичко;
7. Во создавање на списанието учествуваат искусни, компетентни и истакнати педагози со практична и теоретска наобразба кои ги следат современите трендови во издавањето литература за деца,
Наводи
уреди- ↑ „Супер Смешка – ново списание за деца“. time.mk. Посетено на 2024-10-01.