Сузан Фридлендер
Сузан Жан Фридлендер (англиски: Susan Jean Friedlander, родена: Поате; р. 26 јануари 1946) е американска математичарка. Нејзиното истражување се однесувало на математичката динамика на течностите, Ојлеровите равенки и Навје-Стоксовите равенки.
Сузан Фридлендер | |
---|---|
Државјанство | американско и британско |
Установи |
|
Образование | Јуниверзити Колеџ Лондон |
Познат по | Математичка динамика на течностите |
Поважни награди |
|
Страница | |
www-bcf.usc.edu/~susanfri/ |
Образование
уредиФридлендер дипломирала на Јуниврзити Колеџот, Лондон, со диплома по математика во 1967 година. Таа била наградена со стипендија на Кенеди, за да студира на МИТ, каде што и магистрирала во 1970 година. Докторирала во 1972 година на Универзитетот Принстон, под надзор на Луи Норберг Хауард.[1][2]
Кариера
уредиОд 1972 до 1974 година, Фридлендер била гостувачки член на Институтот за математички науки Курант, по што следела една година како инструктор на Универзитетот Принстон. Во 1975 година, таа се приклучила на факултетот, во Одделот за Математика на Универзитетот во Илиноис, Чикаго. Во 2007 година таа се преселила на Универзитетот во Јужна Калифорнија, каде што била професор по математика и Директор на Центарот за Применети Математички Науки.
Од 1996 до 2010 година, Фридландер работела како службеник во Американското математичко друштво, во улога на соработник секретар. Во 2005 година, таа била назначена за прва жена-главен и одговорен Уредник на билтенот на Американското математичко друштво.[1][3] Нејзини други водачки активности вклучуваат: членство во Научниот Советувачки Комитет на Институтот за Истражување на Математички Науки (2001-2006), Одборот за Математички Науки и нивните Апликации (2008-2011), Одделот А Управувачкиот Комитет на Американската Асоцијација за Унапредување на Науката (2013-2015), и на Гостувачкиот Комитет на Одделот за Математика на МИТ (2013-2021). Таа во моментов е претседател на математичкиот совет на Америка.
Почести и награди
уреди- 1967-1969 стипендија Кенеди, МИТ
- 1993 Н.С.Ф. Гостувачки професор за Жени, Универзитет Браун
- 1995 Избрана е за почесен член, Московско Математичко Друштво
- 1998 Медал на Институтот Хенри Поинкер
- 2003 Награда за Постар научник, Универзитет на Илиноис, во Чикаго
- 2012 Соработник, Друштво за Индустриска и Применета Математика
- 2012 Соработник, Американската Асоцијација за Унапредување на Науката
- 2012 Соработник, Американското Математичко Друштво
Приватен живот
уредиФридлендер е во брак со математичарот Ерик Фридлендер.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Curriculum vitae Архивирано на 27 јуни 2017 г., retrieved 2014-12-18.
- ↑ Susan Jean Friedlander at the Mathematics Genealogy Project
- ↑ UIC Mathematician First Female to Edit Influential Journal, University of Illinois at Chicago, January 26, 2005.
Надворешни врски
уреди- Нејзина страница Архивирано на 27 септември 2018 г.