Стромболичио е морски мал остров од вулканско потекло.[1] Се наоѓа североисточно од островот Стромболи на Липарски Острови во Италија.

Стромболичио
Остров
Стромболичио со неговиот светилник
Стромболичио со неговиот светилник
ДржаваПредлошка:Знамиња
ПровинцијаМесина
КомунаЛипари
Население
 • Вкупно0
Воздушен поглед на Стромболи и Стромболичио од североисток

Геологија уреди

 
Липарски Острови

Стромоболичио е остаток од првичниот вулкан од кој бил изграден островот Стромболи. Пред приближно 200.000 години, ерупциите на ова место престанале. Оттогаш поместена е вулканската активност за околу 2 км на југозапад. Стромболичио е единствениот остаток над морското ниво, инаку има подморска платформа што се протега помеѓу неа и главниот остров.

Флора и фауна уреди

Стромболичио е домаќин на некои многу ретки видови на флора и фауна и е прогласен за природен резерват, со сериозни ограничувања на пристапот. Bassia saxicola е загрозен вид цвет кој е во опасност од истребување. Тој е присутен во само стотици примероци на островот Капри. Podarcis raffonei, тоа е редок гуштер кој е класифициран како критичен со ризик од истребување, се наоѓа на само три други локации, од кои сите се на Липарските Острови.

Светилник уреди

До светилникот Стромоболчио, кој се наоѓа на врвот, може да се стигне по бетонски скали од над 200 скалила.

Наводи уреди

  1. Luciano Canepari. „Strombolicchio“. DiPI Online (италијански). Посетено на 17 January 2020.
  • Guest, John (2003). Volcanoes of Southern Italy. Geological Society. ISBN 1-86239-138-6.